Регион
Исчезна турскиот амбасадор во Загреб
Најмалку еден турски дипломат кој до летото бил на функција во Загреб се смета за исчезнат, како и дека „е нпознато што се случило со доскорешниот турски амбасадор Ахмет Тута и неговата сопруга Мина Тута“, пишува хрватскиот магазин „Национал“, повикувајќи се на два независни извори.
Еден извор вели дека турските дипломати биле однесени во црни вреќи од Хрватска во непознато од страна на Ердоганови луѓе.
На најсилен удар во Хрватска се најде Бекир Алпула, доскорешниото турско аташе за култура во Загреб. Се бараше од хрватските власти да му се одземат дипломатските документи и да биде депортиран во Турција, а тој од странските дипломати во Загреб, бараше помош. Покрај него, за исчезнат се смета и Ајтуг Секер, доскорешен турски воен дипломат во Босна и Херцеговина.
По неуспешниот пуч во Турција, во повеќето земји со кои Турција има дипломатски односи упатени се списоци со имиња на турски дипломати кои Ердоган ги прогласи за приврзаници на Фејтулах Ѓулен и на пучистите, пишува Nacional. За сите луѓе кои се на списоците се бара да се депортираат во Турција и да им се откаже гостопримството.
Инаку, Турција отпушти 15.000 јави службеници, воени офицери, полицајци и други и затвори 375 институции и медиуми во рамки на истрагата за неуспешниот обид за државен удар, објавија властите во два официјални укази.
Повеќе од 110.000 луѓе се отпуштени или суспендирани од војската, цивилните служби, правосудството, а 36.000 луѓе се во затвор и чекаат судење, како дел од истрагата за обидот за пуч.
Анкара го обвинува имамот Фејтулах Ѓулен, клерикот кој живее во САД и негвоите приврзаници кои ги нарекува ѓуленистичка терористичка организација, за организирање обид за удар во кој беа убиени повеќе од 240 луѓе.
Ѓулен кој живее во Пенсилванија од 1999 година ги отфрли тие обвинувања./крај/н/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

