Контакт

Европа

Maкрон: Одбивам прием на нови членки во ЕУ додека не се реформираме ние внатре

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше отсуството на договор во рамки на ЕУ за распределбата на водечките функции во Унијата и повторно повика на институционални реформи во Унијата.

„Мораме да ги поедноставиме процедурите за да бидеме побрзи, посилни и заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во нејзиното проширување, во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Го одбивам секое проширување пред да биде спроведена длабока институционална реформа во ЕУ“, порача Макрон.

Тој по маратонските разговори за именувањето на првите луѓе во ЕУ изјави дека неможноста да биде постигнат договор помеѓу земјите членки го доведува под прашање кредибилитетот на Унијата и дава лоша слика за Европа.

Европа

Австриец казнет зошто пукал кон крадци во неговиот дом

Објавено пред

Австриец кој во својот дом затекнал двајца провалници и пукал кон нив, ќе мора на едниот да му исплати обештетување.

Сопственикот на куќата, 67-годишник од местото Санкт Валентин во февруари ги изненадил провалниците во неговиот дом, но морал да одговора пред суд затоа што пукал кон нив.

Тој погодил еден од разбојниците, 47-годишен Хрват, кој се обидел да избега.

Сопственикот на домот пукал двапати и еден куршум завршил во ногата на Хрватот, кој успеал да избега со соучесникот.

Сепак, на блиската бензинска пумпа, непознатиот крадец го оставил ранетиот соучесник, кого го пронашле случајни минувачи.

Судот го осудил сопственикот на домот на осум месеци условна казна за нанесување телесни повреди и со парична казна од 3.600 евра.

Поточно, било откриено дека тој незаконски поседувал оружје.

Исто така Австриецот на повредениот крадец ќе треба да му исплати 2.100 евра како компензацијата за претрпената болка.

Судијата ја оправдал својата пресуда велејќи дека не е самоодбрана кога се стрела кон лица кои бегаат.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозија во Германија, повредени 25 лица

Објавено пред

Најмалку 25 лица се повредени денеска во експлозија во Бланкенбург, источна Германија.

Локалната полиција соопшти дека експлозијата се случила во станбена област во 8.55 часот по локално време.

Причината и деталите за експлозијата се непознати, а евакуацијата е во тек, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Нема ако, нема но – Велика Британија ја напушта ЕУ

Објавено пред

Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија до 31 јануари, изјави денеска премиерот Борис Џонсон по убедливата изборна победа.

„Ќе го завршиме брегзитот навреме, до 31 јануари, нема ако, нема но, нема можеби“, рече Џонсон во обраќањето пред поддржувачите во Лондон.

Тој изјави дека најголемото конзервативно мнозинство од 80-тите значи потврда дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ претставува волја на британскиот народ.

Британскиот премиер рече дека неговата влада мора да го претставува секој агол на Велика Британија.

Џонсон исто така рече дека конзервативците направиле голем успех и го откочиле застојот.

Велика Британија сега ќе може да изврши брегзит, рече Џонсон, користејќи го слоганот од кампањата.

Џонсон го заврши својот говор во хумористичен тон, велејќи: „Но, прво, мои пријатели, ајде да појадуваме“, пренесува Би-би-си.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија39 минути

Фросина Ременски врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија53 минути

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот “Талир”, на почетокот од судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет3 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет3 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија14 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет14 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет15 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа15 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет16 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт16 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија19 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа20 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија21 час

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија22 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија23 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија24 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија1 ден

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие