Свет
Maж со нож нападна три лица на бензинска пумпа во Прага
Чешката полиција соопшти дека уапсила маж, кој во главниот град со нож ранил мотоциклист во вратот. Повредени се уште две лица.
Нападот се случил на бензинска пумпа во Прага во текот на вчерашниот ден.
Полицијата соопшти дека мотивот на 52-годишниот осомничен не бил веднаш јасен, но ја отфрлиле можноста за тероризам.
Од тука велат дека осомничениот, локален граѓанин, кој бил пијан, имал конфликт со вкупно шест лица, пренесе АП.
Спасувачката служба на Прага соопшти дека мотоциклистот бил пренесен во болница на понатамошно лекување, но додаде дека неговата повреда на вратот не е сериозна. Другите две лица се полесно повредени и не им е потребна хоспитализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

