Контакт

Свет

Нетанјаху: Иран и Хезболах се послаби од кога било, но нашата борба не е завршена

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел засега ќе ги прекине нападите врз Иран, но нагласи дека борбата против Техеран и Хезболах не е завршена и дека Израел ќе продолжи да одговара на секој напад врз својата територија.

„По нападот на Иран врз Израел, им наредив на Израелските одбранбени сили да нападнат воени и економски цели низ Иран“, рече Нетанјаху во, како што изгледа, однапред снимена видеопорака.

„Во моментов огнот на овој фронт е запрен, бидејќи по ударот врз терористичкиот режим во Техеран тој престана да нè напаѓа“, изјави Нетанјаху, предупредувајќи дека „ако тој терористички режим повторно направи грешка и нè нападне, одговорот ќе биде жесток“.

„Иран и Хезболах денес се послаби од кога било, а ние сме посилни од кога било. Но нашата борба против нив сè уште не е завршена“, порача израелскиот премиер.

Тој додаде дека израелската војска ќе продолжи да дејствува во јужен Либан за да ја „уништи целата терористичка инфраструктура на Хезболах во безбедносната зона“.

„Во изминатиот ден Иран и Хезболах се обидоа да наметнат нова равенка. Таа равенка за мене е неприфатлива и целосно недозволива. Мислеа дека можат да започнат напади од Либан и Иран врз Израел, а ние да не реагираме. Тоа не се случи и нема да се случи. Не додека јас сум на власт“, изјави Нетанјаху.

Тој потврди дека истата порака му ја пренел и на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во последните денови повеќепати го повика Израел на деескалација за да се зачуваат преговорите меѓу САД и Иран за можен договор.

„Израел има целосно право на самоодбрана и ние ќе го користиме тоа право секогаш кога ќе биде потребно. Тоа ви го велам вам, драги граѓани на Израел, како што го велам и во моите добри разговори со мојот пријател, претседателот Трамп“, рече Нетанјаху.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

ЕУ објави колку ја чинеше досега војната на Блискиот Исток

Објавено пред

Војната на Блискиот Исток во изминатите сто дена ги зголемила трошоците за увоз на енергија во Европската Унија за 47 милијарди евра, изјави денеска портпаролката на Европската комисија.

„Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во последните сто дена. Тоа е цената што ја плаќаме, а притоа не увезовме ниту една капка енергија повеќе“, изјави Хрничорова.

Таа додаде дека во Европската Унија немало никакви прекини во снабдувањето со енергенси, благодарение на тоа што Унијата ги диверзифицирала изворите на снабдување и го зголемила домашното производство.

Сепак, доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи и Ормускиот Теснец остане затворен, Унијата би можела да се соочи со потешкотии.

„Никогаш не сме го криеле тоа, но сега е јасно дека бевме многу добро подготвени за криза како оваа“, истакна Хрничорова.

Прикажи повеќе...

Регион

Под сомнеж за тероризам уапсен хотелски работник на Крит – грчките власти нашле докази

Објавено пред

Триесет и седумгодишен Палестинец, кој добил азил во Грција, беше уапсен за време на викендот и обвинет за терористички дела поврзани со палестинската милитантна група Хамас, објави денеска Атинската новинска агенција.

Според полициски извори, мажот пристигнал во Грција од Појасот Газа пред околу една година и добил азил.

Тој бил уапсен во саботата на островот Крит, каде што работел во хотел.

Обвинет е за членство во Хамас и за обука за терористички цели, откако истражителите пронашле докази дека преку интернет нарачувал материјали за изработка на експлозиви, наведуваат полициски извори.

Полицијата соопшти дека запленила мобилни телефони, банкарски картички, лаптоп во две куќи во кои престојувал.

Властите истражуваат дали поминал обука за ракување со експлозиви надвор од Европа, најверојатно во Малезија, и дали планирал напад.

Мажот бил уапсен откако разузнавачките служби го поврзале со двајца клучни осомничени кои неодамна биле приведени на Кипар, како и со уште двајца наводни соучесници таму.

Кипарската полиција соопшти дека двајца мажи на возраст од 32 и 38 години се во притвор од 22 мај под сомнение за кривични дела поврзани со тероризам, откако при претреси на два објекта биле пронајдени материјали за изработка на експлозиви.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран со остра закана до САД и Израел: Ако направите уште една грешка, регионот ќе стане пекол за вас

Објавено пред

Иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел да не направат „уште една грешка“, порачувајќи дека во спротивно регионот ќе стане „пекол“ за нив.

Во пораката што ја пренесе иранската државна агенција Мехр, секретарот на Советот, Мохамад Багер Золгадр, изјави:

„47 години и 100 дена отпор – од бојните полиња до градските плоштади, од градските плоштади до арената на политиката и дипломатијата – го променија светскиот безбедносен поредок.“

Тој додаде:

„Доколку сатанската ционистичко-американска коалиција направи уште една грешка, регионот ќе стане пекол за нив.“

Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и по најавите за примирје меѓу Иран и Израел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 секунди

Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

Во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечена манифестација по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Лекарска...

Македонија2 минути

Новиот клинички центар сѐ уште е планиран кај „Борис Трајковски“, Владата преговара за земјиштето

Изградбата на нов клинички центар во Скопје и понатаму се планира во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а Владата...

Естрада9 минути

Добитник на „Греми“ награда избоден до смрт во Лондон

Пејачот и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен...

Македонија15 минути

Поради интервенција на водоводна мрежа, утре без вода делoви од Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на 9 јуни 2026 година (вторник) ќе има прекин на водоснабдувањето за дел...

Свет29 минути

ЕУ објави колку ја чинеше досега војната на Блискиот Исток

Војната на Блискиот Исток во изминатите сто дена ги зголемила трошоците за увоз на енергија во Европската Унија за 47...

Регион53 минути

Под сомнеж за тероризам уапсен хотелски работник на Крит – грчките власти нашле докази

Триесет и седумгодишен Палестинец, кој добил азил во Грција, беше уапсен за време на викендот и обвинет за терористички дела...

Свет57 минути

Нетанјаху: Иран и Хезболах се послаби од кога било, но нашата борба не е завршена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел засега ќе ги прекине нападите врз Иран, но нагласи дека борбата против Техеран...

Македонија1 час

Сонце наутро, нестабилност попладне: Следуваат неколку дена со дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Свет2 часа

Иран со остра закана до САД и Израел: Ако направите уште една грешка, регионот ќе стане пекол за вас

Иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел да не направат „уште една грешка“, порачувајќи дека во спротивно...