Свет
Oрегон контра Трамп: Здравственото осигурување не е услов за американска виза
Федерален судија во Орегон ја забрани примената на новото имиграциско правило на администрацијата на Доналд Трамп, со кое се бара имигрантите да докажат дека можат да платат здравствено осигурување или потенцијално лечење во Америка пред да добијат виза.
Судијата во Портланд, Мајкл Симон, со својата одлука спречи тоа правило да стапи на сила на 3 ноември, но не е јасно кога ќе се одлучува за законитоста на мерката.
Непрофитабилни организации и седум државјани на САД ја тужеа администрацијата, тврдејќи дека таквата мерка ќе спречи две третини од легалните мигранти да дојдат во Америка.
Околу 1,1 милиони луѓе годишно добиваат зелен картон. Претседателот Доналд Трамп потпиша прокламација на почетокот на октомври, во која се опфатени сите што бараат американска виза од странство. Таа не се однесува на оние што се веќе во САД, како и на барателите на азил, бегалци и деца.
Во прокламацијата се вели дека на секој што не е опфатен со здравствено осигурување 30 дена од денот кога ќе влезе во САД или не може да докаже дека има пари да плати за потенцијални медицински услуги – ќе му биде забранет влез во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
За иранскиот претседател убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“.
„Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот … се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата пренесена од државната телевизија.
Тој додава дека одмаздата за убиството на Хамнеи е право и обврска на Исламската Република.
„Исламската Република Иран го смета за своја легитимна должност и право да им се одмазди на сторителите и на мозоците на ова историско злосторство“, вели Пезешкијан, пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026

