Свет
Обама: Да можев да се кандидирав ќе добиев и трет мандат
Американскиот претседател на заминување Барак Обама кој на 20-ти јануари треба да ја напушти должноста и да му ја предаде на избраниот претседател Доналд Трамп, изјави дека е убеден оти би го освоил и третиот мандат доколку системот би му овозможувал повторно да се кандидира.
Барак Обама ги отфрла обвинувањата дека неговата визија „на прогресивни промени“ за САД била сон.
„Убеден сум во таа визија, бидејќи сум сигурен дека би го мобилизирал мнозинството Американци да се соединат околу тој сон доколку можев да се кандидирам и да можев да го објаснам“, вели Обама во емисијата на неговиот поранешен советник Дејвид Акселрод и во продукција на телевизијата CNN и Универзитетот Чикаго на чиј институт за политика е директор токму Акселрод.
„Тоа го знам од разговорите кои ги имав со луѓе ширум земјата, дури си о неколку луѓе кои не се согласуваат со мене. Тие велата дека насоката на визијата на којашто укажував е вистинската“, додава Обама.
Според американскиот устав, претседателот може да биде на таа должноста само два четиригодишни мандата.
Обама вели и дека е горд поради напредокот кој го постигнал за време на неговите два мандата во Белата куќа, благодарејќи на „американскиот дух“, особено забележлив меѓу помладите генерации.
Вели и дека неговата поранешна државна секретарка Хилари Клинтон, која беше претседателска кандидатка на нивната Демократска партија „направи одлична работа во тешки околности“, но оти не добила добар однос од страна на медиумите. „Сметам дека во односот кон неа дејствуваа двојните стандарди“, додава.
Потсетува дека добила повеќе гласови од републиканецот Трамп, како и дека „распределбата на гласовите“ не одела во прилог на демократите. Обама вели и дека „во ветер“ отишле и околу милион гласови во Бруклин.
Запрашан за иднината, Обама вели дека прво мора да се одмори, да ја одведе сопругата на одмор, како и оти има желба да пишува./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

