Свет
„Оушн гејт“ сè уште рекламира патувања до „Титаник“

„Оушн гејт“, компанијата што стои зад несреќната подводна експедиција до „Титаник“, сè уште ги рекламира патувањата до потонатиот брод.
На веб-страницата „Оушн гејт“ пишува дека две експедиции на „Титаник“ се закажани за 2024 година и ќе се одржат од 12 до 20 јуни и од 21 до 29 јуни.
Исто така, на страницата се наведува дека мисијата на „Титаник 2023“ е во тек. Секое патување до „Титаник“ чини 250.000 долари за лице и нуди едно нуркање, приватно сместување, потребна обука, опрема за експедиција и сите оброци за време на патувањето. Максималниот капацитет за секое нуркање е ограничен на шест лица со минимална возраст од 17 години.
Веб-страницата дава детали за сместувањето вклучувајќи спални соби и заеднички бањи, со достапност на вај-фај на подморницата.
Веб-страницата исто така вклучува фотографии и видеа на кои се прикажани сцени од претходни експедиции и сведоштва од учесниците, известува ХТ.
Патувањето на „Титан“ до „Титаник“ е опишано на веб-страницата на „Оушн гејт“ како „експедиција за нуркање до култниот потонат брод“.
„Смелите патници ќе отпловат од канадскиот брег на Атлантикот во осумдневна експедиција за да нурнат до иконскиот потонат брод, кој се наоѓа на 661 километар од брегот и 3.800 метри под површината“, се вели на веб-страницата на „Оушн гејт“.
Маркетингот на „Оушн гејт“ посочува дека нуркањето не само што нуди возбудливо и уникатно искуство за патување туку придонесува и за научно истражување и разбирање на остатоците од бродот и длабоката океанска средина.
„Нуркањето ќе обезбеди не само возбудливо и уникатно искуство за патување туку и ќе ѝ помогне на научната заедница да дознае повеќе за потонатиот брод и околината на длабоките океани. Секое нуркање има и научна цел, а можете да дознаете повеќе за истражувањето што го поддржуваме овде“, пишува на веб-страницата на „Оушн гејт“.
Патувањето со подморницата трае осум дена и седум ноќи, а почнува во Св. Џон, во Канада. И покрај неодамнешната трагедија, веб-страницата споменува потенцијални експерти, кои би можеле да им се приклучат на идните експедиции. Меѓу патниците што ги загубија животите во подморницата е и 77-годишниот експерт за „Титаник“, Пол-Анри Наргеолет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“