Контакт

Вести

Осум потенцијални лидери кои можат да ја„затресат“ Европа

Објавено пред

Прво Брегзит, потоа Доналд Трамп, но крајот не е тука. Во наредната година серија на избори ќе се одржат во европските земји, а неколку од нив можат да ја затресат „статус кво“ ситуацијата во Европа.

dobivaj vesti na viber

Франција – Мари Ле Пен, претседател на Националниот фронт, со воодушевување му ја честиташе победата на Доналд Трамп, а за БиБиСи, рекла дека победата на Трамп во САД ги зголемува нејзините шанси таа да биде избрана за претседател на Франција. Рекла дека нејзиниот „избор за претседател ќе биде наредниот чекор во голобалната револуција“. Мари Ле Пен најави дека доколку стане претседател на Франција ќе организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат земјата да остане во Европската унија.

Германија – Политиката „на отворени врати“ на канцеларката Ангела Меркел и овозможи неверојатен подем на Фрауке Петри, која е членка на Алтернативата за Германија, партија која според последните анкети се наоѓа на третото место според пополарноста кај гласачите. Оваа партија сака да го забрани носењето на бурка и да го лимитира бројот на лицата кои бараат азил на 200.000 луѓе годишно. Петри, која има 42 години и е мајка на четири деца, верува дека полицијата без предупредување би требало да пука во мигрантите на германските граници и дека исламот не е компатибилен со германскиот Устав.

Чешка – Андреј Бабиш е вториот најбогат човек во Чешка. Тој во 2011 година ја основа партијата АНО со цел преку неа да се бори против корупцијата и другите аномалии на политиката. Богатството, Бабиш, го стекнал во петрохемискиот гигант Агроферт. Неговата партија е дел од владеачката колаиција, а тој е потпретседател на владата. Меѓутоа тој се надева дека во октомври 2017 година ќе победи на изборите. Рекол дека има многу заеднички работи со Трапм-вклучувајќи го и ставот кон мигрантите.

Австрија – Еуроскептикот, Норберт Хофер, во декември годинава ќе го има својот втор обид да победи на претседателските избори. Уставниот суд ги поништи резултатите на претседателските избори на кои Хофер, кандидат на десницата, „за влакно“ загуби од Александер ван дер Белен. Хофер, исто така ја пропагира антиимигрантската политика, тој е против истополовите бракови и смета дека исламот „нема што да бара во Австрија“.

Италија – Бепе Грило тврди дека победата на Доналд Трамп е крај на една епоха. Грило за седум години својата партија Движење на пет ѕвезди успеа да ја етаблира како најзилна опозициска партија во Италија. Сепак, тој тврид дека тие не се партија, туку дека само се борат против партиските естаблишменти. Во Италија на 4.декември ќе се одржи референдум за уставните реформи кои ги заговара премиерот Матео Ренци. Според анкетите партијата на Грило има предност пред останатите. Грило најавил дека Италија ќе излезе од еврозоната доколку победи.

Србија – Војислав Шешељ, основач и лидер на Српската радикална партија најави дека ќе се кандидира на претседателските избори кои ќе се одижат во мај наредната година. Радикалите на неодамнешните парламентарни избори освоија 22 места во српскиот парламент. Шешељ тврди дека Доналд Трамп преставува алтернатива на глобализиацијата.

Норвешка – Сив Јенсен е лидерка на Норвешката прогресивна партија, а од 2013 година е министерка за финансии. Се надева дека во септември наредната година, по изборите, ќе добие повеќе власт во своите раце. Таа не ги поддржува договорите за климатски промени, а се противи и на она што го нарекува „неконтролирана исламизација на Европа“.

Холандија – Герт Вилдерс, евроскептик и лидер на Партијата за слобода, е на суд поради ширење на расна нетрпеливост. Имено, во својот говор во 2014 година тврди дека „во татковината има премногу Мароканци“. Тој Куранот го споредил со делото ан Хитлер „Mein Kampf“, а е против изградбата на нови џамии. „Сите џамии и исламските школи треба да се затворат и треба да се забрани Куранот“, стои во неговата изборна програма. Судскиот процес кој се води против него само му ја зголемил популарноста, а неговвата партија е речиси израмнета со либералите. Изборите во Холандија ќе се одржат во март наредната година. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија2 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија15 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија15 часа

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ19 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија20 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија20 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија20 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ22 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија22 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија24 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет1 ден

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет1 ден

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет1 ден

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија1 ден

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија2 дена

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија2 дена

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...