Регион
Албанија од Нова година затвори околу 4 300 обложувалници

Од први јануари годинава во Албанија стапи на сила закон кој не наиде на одобрување кај повеќето граѓани во државата. Во Република Албанија од Нова година повеќе нема да има обложувалници и казина бидејќи нивното работење ќе биде забрането со закон.
Согласно со законот ќе бидат затворени околу 4 300 обложувалници. Министерката за внатрешни работи изјави дека секое казино или обложувалници кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцела со канабис.
Другата одлука која од Нова година важи во Албанија е што претпријатијата со годишен промет од 8 до 14 милиони евра ќе плаќаат трипати поголем данок од сега. Одлука што наиде на одобрување е тоа што школарините ќе се преполоват. Владата исто така од денеска ќе плаќа 400 илјади лека за прво дете, 800 за второ и милион и 200 илјади лека за трето дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.