Регион
Албанија протерува двајца дипломати поради нелегални активности

Албанија објави дека протерала двајца ирански дипломати поради наводни нелегални активности кои ја загрозувале безбедноста на земјата, пренесуваат тамошните медиуми.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека дипломатите биле протерани поради „кршење на нивниот дипломатски статус”, и дека одлуката е донесена по консултациите со други земји, вклучувајќи го и Израел.
Приватна телевизија „Топ канал“ објави дека Иранците се осомничени за нелегални активности во врска со квалификацискиот натпревар за Светското првенство во фудбалот помеѓу Албанија и Израел пред две години. По оваа игра, околу 20 лица беа уапсени во Албанија и Косово, а пред натпреварот беше спречен и напад.
Албанските власти не ги потврдија овие наводи.
Исто така, Албанија е дом на повеќе од 2 000 членови на иранската опозициска група Муџахедин ел-Халк, кои дојдоа таму од Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.