Регион
Албанската влада прогласи вонредна состојба во Драч и Тирана

Албанската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите на Драч и Тирана, реони кои се најпогодени од разорниот земјотрес што ја погоди земјата во вторникот, при што, според најновите податоци, загинаа 27 лица, повеќе од 40 се извлечени од урнатините, а над 650 се повредени.
Премиерот Еди Рама рече дека вонредната состојба е прогласена врз основа на уставот и законите и подразбира не само финансиски одлуки, туку и голем број други мерки.
Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера во повеќе наврати побара од владата да воведе вонредна состојба во земјата по серијата земјотреси.
Одговарајќи на ова, Рама рече:
„Не знам дали оние што се залагаа за тоа се подготвени да се подложат на такви мерки. Тоа е причината поради која размислувавме бидејќи вонредната состојба се совпаѓа со создавањето ново ниво на управување со ситуацијата во период од 30 дена“, рече Рама, а објави албанскиот портал АРТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Стјуардеса од Белград била во превртениот авион во Торонто, во критична состојба е

Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е тешко повредена во несреќата со авионот на аеродромот во Торонто. Таа е во критична состојба и се бори за живот, јавуваат српските медиуми.
Стјуардесата Вања Вичентијевиќ (32) од Белград е една од тешко повредените во несреќата кога авион на „Делта ерлајнс“ се превртел при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.
Редакцијата на „Блиц“ стапила во контакт со семејството на Вања, а за неа знаат само дека е во болница и е во многу критична состојба, што значи дека лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Вања работеше како стјуардеса на летот 4819, а при слетувањето на аеродромот Принстон во Торонто беше тешко повредена. При превртувањето на авионот, таа сега е без свест. Нејзината состојба е многу критична, а таа се бори за живот. Толку ни кажаа од болница, друго не знаеме“, изјави за „Блиц“ нејзината братучетка Мирјана Дориќ.
Additional CCTV Footage from Toronto Pearson International Airport has been released, showing yesterday’s crash-landing of a Delta Air Lines CRJ-900LR operated by Endeavor Air, which amazingly resulted in only 15 Injuries. pic.twitter.com/PsaJGk4BVf
— OSINTdefender (@sentdefender) February 18, 2025
Според Мирјана, Вања, која по потекло е од Сопот, моментално се наоѓа во болницата во здравствениот центар Пирсон, откако се здобила со повреди во авионската несреќа.
„Бараат некој од семејството да оди таму за детали. Ништо друго не дознавме од медиумите. Семејството е очајно, се надеваме на најдоброто и дека ќе се извлече. Толку ни остана“, вели за „Блиц“ братучетката Мирјана Дориќ.
Според последните информации, најмалку 18 лица се повредени, од кои три потешко, откако вчера при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто се превртел авион со кој управувала американската компанија „Делта ерлајнс“.
Меѓу тројцата тешко повредени има и едно дете кое со возило на брза помош било пренесено во детската болница во Торонто. За среќа, сите 80 патници преживеале, а за време на инцидентот виселе наопаку.
Истрагата за несреќата ќе ја водат канадските власти, бидејќи се случила на канадска територија. Детали за причините за инцидентот се уште не се познати.
Регион
Огромна карпа се откорна на автопат и падна врз комбе во Дубровник, еден загинат, неколкумина повредени

Голема карпа се откoрна на автопатот над Дубровник и падна врз комбе, пријавиле возачи во радарската контрола.
Сите служби се на терен, а од дубровничката полиција потврдуваат дека едно лице го загубило животот, додека останатите патници се повредени.
Сообраќајот е затворен на главниот пат, објави „Јутарњи лист“.
Сведок на несреќата проговори за падот на карпата врз комбето.
„Карпата падна директно врз возилото, тоа се случи две секунди пред да пристигнам. Карпата тежела повеќе од еден тон. Таа се одвои од ридот, отиде веројатно 300-400 метри. Автомобилот беше целосно смачкан, како да го удрил авион“, изјавил сведокот за „24 сата“.
Регион
Нов силен земјотрес во близина на Санторини

Силен земјотрес, уште еден во серија, со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на архипелагот Додеканез, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од девет километри, 144 километри од Ираклион, 24 километри од Санторини.
Од 26 јануари на ова подрачје се забележани голем број земјотреси со магнитуди од 3,5 до 5,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците, регистрирани се околу 17.000 земјотреси со јачина од еден степен.