Регион
Американски санкции за Приштина доколку не се укинат таксите за српските производи?

Советот за национална безбедност на САД и американскиот Стејт департмент во документ со осум точки од Приштина барaат веднаш да бидат укинати високите такси за српските производи бидејќи во спортивно ќе бидат воведени санкции, пренсува српски „Б92“.
„Бараме таксите веднаш да се укинат“, стои, наводно, во документот, во кој се додадава дека во спротивно Приштина ќе биде санкционирана со повлекување на поддршката за Косовските безбедносни сили. Документот бил доставен во писмена форма до владата во Приштина, но исто така и до други релевантни институции, пишува „Б92“ повикувајќи се на информации од телевизијата „Клајн Косова“.
Во документот наводно се истакнува дека американската поддршка за Косово не е неограничена. „Косово моментно со себе го носи товарот од опасноста дијалогот да доживее неуспех“, се предупредува во дописот.
Во документот понатаму се изразува длабоко разочарување, бидејќи, како што наведува, Приштина не презела ништо што би било позитивен одраз на писмото од претседателот на САД, Доналд Трамп, упатено до Хашим Тачи, пренесува „Б92“. Спротивно на тоа, како што се вели, мерките во меѓувреме биле проширени и на други српски производи.
„Успехот и постигнувањето договор не се поврзани со улогата на Федерика Могерини и ЕУ. Успехот на договорот е стратешки интерес на САД, според тоа, неприфатливо е за нас да се доведува во прашање ваквата стратешка цел со неодговорни потези од страна на косовските лидери“, стои во документот.
Меѓутоа, владата во Приштина тврди дека не добиле никаква порака од САД во врска со укинување на наметнатите такси за производи од Србија.
„Ние не сме добиле никакво барање од САД“, изјавил шефот на кабинетот на косовскиот премиер, Авни Арифи, за „Газета Експрес“. „Коха онлајн“ претходно денеска објави дека Вашингтон преку Амбасадата на САД ја повикала официјална Приштина да ги укине таксите за стока од Србија и на тој начин да го отвори патот за продолжување на дијалогот со Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин
Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.