Регион
Анестезиолог објаснува дали можело да им се помогне на младите во Посушје
Труењето со јаглерод моноксид честопати може да биде фатално, што за жал беше потврдено со последниот случај на труење на млади луѓе кај Посушје. Осум млади луѓе подлегнаа на последиците од труење додека ја чекаа Новата година, во викенд куќата на еден од починатите во Трибистово.
Дали овие млади луѓе можеше да бидат спасени, дали можеа да преживеат и што требаше да се стори во медицинскиот контекст доколку некој дојдеше пред вратата на викенд куќата каде што се одржа прославата, даде одговор анестезиологот, д-р Ненад Карановиќ за „Слободна Далмација“.
„ Ако некој „налетеше“ во првите моменти, кога бензинот започна да ги труе овие млади луѓе и да ги изнесеше надвор, нивниот живот ќе можеше да се спаси на чист воздух, само ако некој ги отвореше прозорците за да ја проветри просторијата во која престојуваа. Целата трагична приказна немаше да биде вака. Медиумите пишуваат дека прозорецот бил отворен, но секако не бил доволно отворен за потребната количина на воздух да влезе во контаминираната просторија за да го “исчисти” јаглерод моноксидот”, објасни анестезиологот за „Слободна Далмација“.
Тој додава дека наместо кислород, крвта зела јаглерод моноксид и поради тоа мозокот останал без кислород, и како резултат на тоа се случила смрт.
„Тешко е да се каже колку време требало да се случи смртта. Тоа е индивидуално прашање, и зависи од здравјето на личноста, возраста… Смртта не им се случува на сите истовремено. Кај постарите и болните, смртта поради труење со јаглерод моноксид ќе се случи порано“, вели Карановиќ.
Ако некој влезел во таа куќа кога штотуку почнале да „заспиваат“ од јаглерод моноксидот и сите ги изваделе на чист воздух или само да ги отвореле прозорците, тие деца најверојатно ќе беа живи, додава Карановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

