Регион
Анте Готовина: Операцијата „Бура“ ја одреди иднината на Хрватска
Поранешниот хрватски генерал Анте Готовина се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, што се одржува во Книн, Хрватска.
„Помина четврт век од ‘Бура’, операција што ја одреди иднината на нашата татковина. Под водство на претседателот Фрањо Туѓман, во особено неповолни околности, ја градевме хрватската војска способна да се одбрани, да стави крај на наметнатата војна и да создаде услови за мир. Животите на многу млади луѓе и оние што го изгубија своето здравје се во колективната свест на нашиот народ. Со гордост и тага се сеќаваме на нашите пријатели. Преку научени лекции од нашата бурна историја ние сме посилни, подобри луѓе, спремни со оптимизам да работиме денес за подобро утре во новото поглавје. Во овие 25 години поминати во мир и сигурност, Хрватска се гради и развива во модерна демократија“, рече Готовина.
Анте Готовина помина седум години во притвор во Меѓународниот суд во Хаг под обвинение за воени злосторства во операцијата „Бура“. Во 2012 година тој беше прогласен за невин.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, претходно го честита Денот на победата.
„Денешниот национален празник е повеќе од сеќавање на една освоена битка. Со влегувањето на хрватската армија и полиција во кралскиот Книн на 5 август 1995 година, вековниот сон за слободна и независна држава на многу генерации Хрвати стана реалност. Затоа, овој ден е круна на нашата историја. Во него се собрани сите наши битки, сите знамиња на нашата борба за слобода гордо се веат во боите на хрватското национално знаме на врвот на тврдината во Книн“, напиша Пленковиќ на „Твитер“.
„Бура“ e воена операција за заземање дел од територијата на Република Српска Краина, непризната држава формирана на територијата на независна Хрватска. Операцијата траела од 4 до 7 август 1995 година, а завршила со пад на Република Српска Краина и воспоставување контрола од страна на Република Хрватска над таа територија. Главен град на Република Српска Краина бил Книн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

