Регион
АР: Тешко дека Црна Гора ќе може да го одбрани Западот од Русија
Идната членка на НАТО, Црна Гора, чии четири воени авиони се на продажба, а двата оперативни воени бродови скоро и да не го напуштаат пристаништето, тешко дека е „импресивна воена сила“, коментира АР.
Црна Гора со две илјади војници, притисната преку високите планини и Јадранското море, тешко дека би можела да ја унапреди одбраната на Западот во било каква конфронтација со Русија.
Покрај големината на земјата и недостатокот од воена сила, Црна Гора се наоѓа во напната состојба поради несогласувањата на Западот и Русија за влијанието на Балканот, а исходот од ова би можел да го одреди правецот на целиот балкански регион – кон ЕУ, НАТО и интеграција со Западот, или кон Русија, наведува АР.
„Јасно е дека тензиите помеѓу истокот и западот оставија последици на политичката и безбедносна состојба на западен Балкан“, рекол поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ во интервју за агенцијата АР.
Ѓукановиќ ја повикал ЕУ да го сопре „деструктивното“ влијание на Русија на Балканот, вклучувајќи ја и кампањата за дезинформирање, по неодамнешниот обид за државен удар на изборниот ден во Црна Гора.
Црногорското обвинителство ја обвини Русија и оперативците од нејзините тајни служби за обид за државен удар на 16-ти октомври минатата година, на изборниот ден во Црна Гора, вклучувајќи и за планирање на атентат врз Ѓукановиќ.
Црна Гора беше верен сојузник на Русија до одвојувањето од Србија по референдумот во 2006-та година, кога државата со 620 илјади население направи силен пресврт кон евроатланските интеграции, потсетува АР.
Русија силно се противи на експанзијата на западната воена алијанса во регионот кој го смета за дел од стратшката „сфера на интерес“, додава агенцијата.
Црна Гора е на прагот на членство во НАТО и досега пристапниот протокол за членство го потврдија 25 од 28-те членки на Алијансата, а преостанува тоа да го направат САД, Холандија и Шпанија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

