Регион
Афера во Србија: Првиот човек на Јагодина обвинет за подведување девојчиња
Српскиот политичар Драган Марковиќ Палма, претседател на Собранието на градот Јагодина, се најде во центарот на скандалот што беше една од главните теми во Србија во последните неколку дена.
Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, го обвини првиот човек на Јагодина за подведување жени и девојчиња заедно со неговите коалициски партнери.
„Подведувањето жени и девојчиња не оди само со мафијата. Тие се речиси секојдневни во нашата Србија. Денес знам дека подведувањето жени и девојчиња е секојдневие во Јагодина, каде што владее Драган Марковиќ Палма”, рече Тепиќ на прес-конференцијата, пренесува порталот Нова.рс.
Тепиќ покажа и снимка од сведочењето на човек кој наводно бил упатен во случајот на подведување.
„По посетата на Мариника на Јагодина, како маж и родител кој знае што се случува, решив да ѝ кажам за тој дел од мојата работа за Марковиќ. Не можам да кажам господин затоа што тоа сигурно не е. Работев во хотелот Кончарево, а знаеме кој стои зад измислениот сопственик на тој хотел. Тоа е хотел на Марковиќ“, вели наводниот сведок, а потоа објаснува што се случувало во споменатиот објект.
„По разни забави на кои пееја нашите естрадни sвезди, девојчињата беа донесени со такси од Белград преку разни луѓе. Според моето слободно верување, тие беа на возраст од 15 до 18 години.
Луѓето кои доаѓаа со него беа негови коалициски и деловни партнери. Познато беше дека по ваквите забави овие девојки одат со него или со нив. Најчесто тоа е откако ќе ги напиеја девојчињата. Неговите хостеси ги убедуваа девојчињата дека ништо нема да им биде, дека сè ќе биде добро. И верувам дека тоа се трауми за тие деца“, рече тој.
Набргу по обвинувањата, се огласи и самиот Палма Марковиќ.
„Лажете, лажете, лажете. Наскоро ќе испратиме изјава“, рече кратко Марковиќ, а потоа испрати изјава во која има серија обвиненија против Тепиќ, која го обвини за подведување.
Вишото јавно обвинителство во Јагодина денес формираше предмет во врска со наводите на Мариника Тепиќ на вчерашната прес-конференција, како и барањето поднесено до обвинителството од претседателот на општинското собрание на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, за да се утврдат сите околности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

