Регион
Бајага ги поддржа српските студенти: „Ги откажуваме сите концерти до понатамошно известување“

Студентите, кои повеќе од два месеца блокираа речиси 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во понеделникот почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда, еден од најважните патишта во Белград. Блокадата завршува во вторник во 10 часот.
Многу познати личности од целиот регион ги поддржуваат студентите во нивните цели, меѓу кои и Момчило Бајагиќ-Бајага. Тој јасно ја изрази својата поддршка на „Фејсбук“, а потоа ги откажа сите закажани концерти.
„Секако дека ги поддржувам студентите и сите нивни оправдани барања. Се надевам дека овие барања ќе бидат исполнети што е можно побргу, што би било добро за сите нас. Нашиот бенд ‘Бајага и инструктори’ одлучи да ги откаже сите концертни активности до понатамошно известување“, се вели во објавата на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.