Регион
Бајден ги продолжува вонредните мерки за Западен Балкан

Американскиот претседател, Џо Бајден, ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.
„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението Белата куќа.
Затоа, додава Бајден, неопходно е да се продолжат вонредните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија протерува 70 руски дипломати

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека побарало од Русија до 3 јули да повлече 70 членови на дипломатскиот персонал. Со образложение дека Русија треба да го намали бројот на персоналот во амбасадата за да се усогласи со бугарското претставништво во Москва.
Се наведува дека првата причина за таквото барање е реципроцитет, пренесува „Ројтерс“.
„ Втората причина се активностите на руските функционери, за кои надлежните бугарски власти утврдија дека не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.
Регион
Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства направени од 1991 година, објави грчката новинска агенција АНА.
Србинот е уапсен минатата недела на граничниот премин Евзони додека со семејството патувал на одмор во Платамона.
Според документацијата на хрватското Обвинителство, обвинет е за соучесништво во воените дејства пред 31 година, при што била уништена инфраструктура и загинале цивили во хрватските места Вочин и Хум.
Тој негира дека сторил воени злосторства и тврди дека бил само обичен војник и извршувал заповеди.
Регион
Лајчак: Итно да се реши прашањето со исчезнатите

„Итно решавање на судбината на над 1.600 луѓе што се водат како исчезнати. Сите сакани, без оглед на нивната етничка припадност, заслужуваат нивниот случај да се затвори“, наведува посредникот во дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
Тој нагласи дека прашањето за исчезнатите станува итно.
„Поради тоа, го посетив документарниот центар, одржав состаноци со ресурсниот центар за исчезнати лица и ја гледав емисијата“, напиша Лајчак на „Твитер“.
Resolving the fate of more than 1600 persons still missing is urgent. All loved ones – no matter of their ethnicity – deserve closure. This is why I visited the Documentation Center, met with the Missing Persons Resource Center and attended the screening of 🎥“Water and Candles” pic.twitter.com/3CLgrJCc0G
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) June 27, 2022