Регион
Бајден побара од Вучиќ признавање на Косово, реагираа Белград и Приштина

Американскиот претседател, Џо Бајден, го честита Денот на државноста на Србија потенцирајќи ја потребата за меѓусебно признавање со Косово.
„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европска интеграција. Ве охрабруваме за воведување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, се наведува во честитката на Бајден до Александар Вучиќ.
По тој повод, српскиот претседател одговори дека меѓусебното признавање не е наведено во ниту еден акт на која било светска организација, ниту во ЕУ, ниту во која било резолуција.
„Разбираме дека тоа е американска политика. Постоеа обиди да се наметне таа фраза како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение. Им кажав лично во Белата куќа што мислам за меѓусебно признавање и мојот одговор нема да биде поинаков. Какви честитки би можел да испратам за Денот на независноста на САД, многу идеи ми паѓаат на ум, но мојата улога е да ги штитам интересите на Србија“, истакна денеска Вучиќ.
Реагираше и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, кој, пак, се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден на пораката. Тој оцени дека ова покажува дека Косово и натаму е приоритет на американската агенда.
„Кога имате силни пријатели. среќата чука на врата. Ве предупредив!. Ви благодарам претседателе Бајден“, напиша Хоти, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.