Регион
Белград: Во Дунав пронајдено тело на помлад маж, има сомнежи дека се работи за исчезнатиот Матеј Периш

Морнари денеска пронашле тело на помлад маж во Дунав кај Ада Хуја, потврдиле службите за српскиот портал „Телеграф“.
Српските медиуми веќе на големо пишуваат дека според сомнежите се работи за исчезнатиот Хрват Матеј Периш (27).
Човекот на себе носел фармерки, маица со апликација и една бела патика.
Полицијата го извлекла телото, а на местото на настанот се и форензичари.
Младиот сплиќанец исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември.
Според сведоштвата, тогаш тој го напуштил клубот „Готик“ и оттогаш му се губи секоја трага.
Неговото исчезнување во полиција го пријавиле пријателите кои биле со него ноќта и оттогаш се води интензивна потрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.
Регион
Деветгодишно момче загина од удар на гром во Црна Гора

Во селото Краденик, во Црна Гора во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загинало деветгодишно момче А.Ф. а едно женско лице било повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваа тамошните медиуми.
Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето загинало додека вршело земјоделски работи.
Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го пронашле детето без знаци на живот, па не помогнала ниту реанимацијата која следела.
Несреќното момче му помагало на семејството кое го собирало сеното на ливадата, кога почнало невремето.
Македонија
Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“, пренесуваат бугарските медиуми.
„Колегите од Република Северна Македонија сметаат дека овој предлог е пробугарски“, рече Василев на излезот од средбата за коалициски преговори, одговарајќи на новинарско прашање.
„Треба да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, нагласи Василев.