Регион
Бериша: Рама отиде во САД по вакцини, а купува патики
Поранешниот албански премиер, Сали Бериша, објави фотографија од премиерот Еди Рама во една од продавниците во Њујорк како купува патики. Фотографијата ја објави со порака дека Рама е во Њујорк пет дена заради вакцините, но и за шопинг за себе.
Рама пред неколку дена отпатува во САД за да разговара со производителите на вакцини, за нивно купување за Албанија, пренесе албанскиот портал „Панорама“.
Бериша на својот „Твитер“ објави фотографија на која се гледа Рама во црн капут и шарена маска како пробува патики во една продавница во трговски центар.
Рама минатата недела објави на „Твитер“ и со тоа ја извести јавноста дека патува за САД за да обезбеди вакцини против коронавирусот.
„Обезбедувањето вакцини во што покус рок е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател и нема да оставиме камен на камен за вакцината да почне да стигнува во Албанија што побргу. Во тој поглед служи и контактот лице в лице со производителот на вакцините. На пат за САД“, напиша Рама на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

