Регион
Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ почина во притвор: Дали сè признал пред смртта?

Далибор Драгијевиќ (40), брат на осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), кој беше приведен поради сомнение дека помагал во делото, починал во притвор во ПУ Бор, дознава Телеграф.рс.
Му се слошило во раните утрински часови. „И покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе да реанимација, тој починал во 03.10 часот, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт“, се вели во соопштението на српското МВР.
Како што се посочува, за настанот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство во Зајечар, кое наредило обдукција на починатиот во Институтот за судска медицина во Белград. Инаку, тој требаше да биде сослушан денеска. Беше уапсен во петокот заедно со неговиот татко под обвинение дека му помагал на брат му да го пренесе телото на Данка од депонијата на засега непозната локација.
Малку по 12 часот, екипа на брза помош и инспектори пристигнале пред куќата на осомничениот Дејан Д. во Злот, каде останала само неговата мајка. Иако првите информации беа дека итната помош пристигнала затоа што на жената ѝ се слошило, се верува дека дежурале екипи на лекари во моментот кога ја известиле дека нејзиниот помал син починал во текот на утрото.
Како што пишува Блиц, Далибор Драгијевиќ пред смртта и признал се на полицијата. Оттаму додаваат дека вчера ја водел полицијата на неколку локации, но никаде не било пронајдено тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари од неа

Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче.
„Нова.рс“ јавува дека надлежното обвинителство наредило С. Д. (24) и К. А. (36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Набргу ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче.
Насилството го пријавила мајката, а кога полицијата пристигнала во нивната куќа, го затекнала девојчето во многу лоша психичка и физичка состојба. Таа имала повреди на целото тело, од кои некои наводно биле предизвикани од гасење цигари на кожата.
Родителите се уапсени на самото место, а детето е пренесено на Ургентниот центар во Белград, каде што му биле констатирани тешки физички повреди, по што е пренесено во Заводот за мајка и дете. Истрагата е во тек.
Регион
Ученичка во хрватско училиште се заканувала со масакр, направила список: „Ќе добиеш куршум во челото“

Во Славонија се појави видео на кое се гледа како ученичка од осмо одделение се заканува дека ќе ги убие своите соученици и составува список на ученици, кои биле цел, дознава „24 седам“.
Здравствениот инспекторат на Министерството сѐ уште го разгледува досието на напаѓачот во загрепското училиште.
Ученичката се фотографирала со пиштол, се заканувала на социјалните мрежи, децата ги нарекувала „Непалци“ и се заканувала со крвопролевање. Наводно било иритирана што тој ден некои луѓе ја задевале во автобусот на пат кон училиште.
Училиштето ги известило надлежните, а полицијата обезбедила патрола. Ученичката е привремено суспендирана од настава на седум дена.
Неофицијално, девојчето потекнува од семејство под надзор на Центарот за социјална работа. Училиштето и полицијата сѐ уште немаат официјално соопштение, а во тек е итен состанок на надлежните одделенија.
Регион
Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.
Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.
Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.
Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.