Регион
Бугарските болници преполни, не можеме да се справиме со заразата, велат службите
Бугарските болници и служби за итни случаи се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на нови случаи заразени со коронавирус.
„Не можеме да се справиме со оваа масовна инфекција“, рече портпаролот на службите за итни случаи Катја Сунгарска во Софија.
На многу места болниците се реорганизираат и се создаваат повеќе одделенија за пациенти заразени со Ковид-19.
Во Бугарија, земја од 6,9 милиони жители, за 24 часа беа пријавени 4.374 нови случаи на инфекција со коронавирус, наспроти 3502 минатата среда.
Од избувнувањето на пандемијата во земјата, 11.500 луѓе починаа од коронавирус, а 107 само вчера.
Бугарија се бори со третиот бран пандемии по олеснувањето на мерките за затворање на 1 март.
Иако во последните денови беа преземени мерки за запирање на ширењето на заразата на регионално ниво, владата не планира да ги воведе на национално ниво, пишуваат бугарските медиуми.
Области најпогодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море.
Здравствените служби во Софија предложија затворање на училишта, ресторани, трговски центри и спортски сали.
Конечната одлука за тоа ќе биде објавена утре.
Вакцинацијата во Бугарија, пак, е одложена бидејќи употребата на вакцините од „Астразенека“ е привремено прекината, а вакцините на „Модерна“, „Фајзер“ и „Бионтек“ се достапни.
Во Бугарија, парламентарните избори се закажани за 4 април, така што претставниците одговорни за изборниот процес се меѓу приоритетните групи за вакцинација, пренесуваат медиумите во оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

