Регион
Вакцинацијата на доброволно пријавените граѓани во Србија почнува утре

Вакцинацијата во Србија на првите 1.000 граѓани што се пријавија доброволно преку порталот „Е-управа“, а имаат над 75 години, ќе почне утре.
Веста ја потврди и министерката за труд, вработување, социјала и ветерани, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, која рече дека старосниот критериум одлучил кој ќе биде приоритет.
„Во прашање се луѓе постари од 75 години, кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани во цела Србија“, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа додаде дека во наредните денови ќе се утврди динамиката на вакцинација на другите граѓани што аплицирале за вакцината преку порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ердоган се закани со напад: Ќе ги изненадиме една ноќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја би можела сама да интервенира за да ги протера терористите „ПКК“од северот на Ирак.
„Имам фраза во која секогаш кажувам: Можеби ќе изненадиме една ноќ“, рекол Ердоган во изјава за новинарите во Истанбул, мислејќи на можноста за изведување изненадна турска операција за протерување на терористите од Синџар, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Пред неколку дена турскиот министер за одбрана Хулуси Акар одржа разговори со претставници на регионот на Ирачки Курдистан. Според официјални извори, разговорите биле насочени на начините за унапредување на заедничката безбедност и воена соработка на двете страни.
Регион
Во Србија 1.709 новозаразени од коронавирус, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.638 лица на коронавирус, од кои 1.709 биле позитивни, а починале 19.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 161 пациент се приклучени на апарати за дишење во болниците во Србија.
Досегашни корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.
Регион
За Русија, протерувањето на дипломатот од Албанија е провокација

Руското Министерство за надворешни работи реагира по одлуката на Албанија да го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошев поради непочитување на мерките против коронавирусот.
Министерството наведува дека таквиот потег нема да остане без одговор.
Во изјава за „РИА новости“, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, одлуката на албанските власти ја нарече провокација.
„Ова е јасна провокација насочена кон влошување на руско-албанските односи и секако таквиот потег, кој не е пријателски, нема да остане без одговор“, рече Грушко.
Албанија го прогласи рускиот дипломат Алексеј Кривошев за персона нон грата во четвртокот и му нареди да ја напушти земјата во рок од 72 часа по поднесувањето на официјалното известување.
Одлуката на владата на Албанија се однесува на фактот дека рускиот дипломат во неколку наврати не ги почитуваше мерките воведени од властите за да се заштитат од Ковид-19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот