Регион
Вархеји: Поврзување на Западен Балкан на патот кон ЕУ
Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, вели еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Тој додава дека за Западен Балкан е клучна поврзаноста помеѓу Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана.
Тој во авторски текст за „Политика“ наведува дека од првиот ден на мандатот на Комисијата една работа била јасна, дека Западен Балкан е клучен приоритет за ЕУ.
„Ние работиме неуморно за да го приближиме регионот до ЕУ што е можно побрзо со постигнување на три цели: да дадеме нов поттик за процесот на проширување, да ги отвориме преговорите за пристап со Албанија и Северна Македонија и да го забрзаме економското приближување на регионот кон унијата“, рече Вархеји.
Според него, патувањето и трговијата меѓу Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана денес траат двојно повеќе отколку меѓу градовите што се многу подалечни.
Тој забележува дека јазот во економскиот развој помеѓу регионот и ЕУ мора да се намали, што ќе го забрза процесот на интеграција на тие земји во ЕУ.
„Ова се главните причини зошто Европската комисија претстави сеопфатен економски и инвестициски план за Западен Балкан оваа недела. Планот предвидува мобилизирање до девет милијарди евра за финансирање на приоритетите на инвестициите во транспортот, енергијата, зелената и дигиталната транзиција за да се создаде долгорочен раст и создавање работни места“, рече тој.
Планот има за цел зајакнување на инвестицискиот капацитет на регионот благодарение на новиот гарантен инструмент за Западен Балкан, чија амбиција е да се мобилизираат 20 милијарди евра инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

