Контакт

Регион

„Вечерње новости“: Србите подготвуваат меѓународна комисија за Сребреница?

Објавено пред

Белград и Бања Лука би можеле набргу да поведат заедничка дипломатска иницијатива да се формира меѓународна комисија за граѓанската војна во Босна и Херцеговина и за настаните во Сребреница, пренесува „Вечерње новости“.

Весникот напоменува дека оваа идеја постои одамна, но дека е повторно реактивирана кога британската влада објави доверливи документи со кои, како што пишува „Вечерње новости“, се потврдува дека нападот на босанските Срби во Сребреница го провоцирале бошњачките сили, како и дека раководствата на Република Српска и на Србија ниту ги организирале ниту ги наредиле злосторствата.

„Новости“ потсетува дека настаните во Сребреница веќе ги истражува независна Комисија за истражување на страдањата на сите народи во Сребреничкиот Регион, што во август 2018 година ја формира владата на Република Српска. Комисијата до крајот на годината би требало да го заврши извештајот и да им го претстави на институциите во Бања Лука.

Милорад Коиќ, директор на Републичкиот центар за истражување на војната, воените злосторства и за барање исчезнати лица, вели дека документот на британската разузнавачка служба што се однесува на Сребреница ѝ бил отстапен на оваа Комисија.

„Британскиот документ на 200 страници ја потврди тезата дека во Република Српска не постоел никаков план за злосторство, па сепак на Србите им се судеше за геноцид. Да биде ситуацијата полоша и Британија, која поседувала документ од кој се гледа дека Србите не планирале злосторство во Сребреница, до Советот за безбедност на ОН испрати резолуција за геноцидот во Сребреница. Ова е голем апсурд“, вели Којиќ.

Тој смета дека еден таков документ на разузнавачките служби евентуално може да доведе до повторување на постапката во кривичните предмети кои се веќе завршени, а би можел и потенцијално да помогне во процесите што сè уште се водат.

Регион

Грција се подготвува за пристигнување туристи, презентиран планот за ублажување на мерките

Објавено пред

Грчката влада го претстави нацрт-планот за олеснување на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирусот очекувајќи туристите да пристигнат во средината на мај.

Кафулињата на плажите може да се отворат веќе утре, велат службени лица, а пренесува државната телевизија.

Училиштата ќе бидат отворени в понеделник, музеите може да бидат отворени на 14 мај, кината на отворено на 21 мај, а театрите на отворено на 28 мај истиот месец, објавуваат агенциите.

Ресторани на отворено во Грција се отворија минатиот понеделник по шест месеци.

Шефот на грчката цивилна заштита, Никос Чардалијас, рече дека прават претпазливи, но неопходни потези за отворање на земјата.

Тој ги повика Грците да продолжат да ги почитуваат мерките на претпазливост.

Иако бројот на заразени лица во Грција опаѓа, можни се локални избувнувања на зараза поради отворањето на земјата, предупреди главниот штаб.

Ублажувањето на мерките е придружено со дополнителни регулативи – учениците во училиштата ќе мора да покажат негативен тест в понеделник и в четврток, што ќе им го дава бесплатно државата.

Полицискиот час, кој трае од 23 до 5 часот наутро, исто така останува во сила, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Регион

Шаленберг: 2021 година не смее да биде изгубена година за Балканот и за ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Русија и Западен Балкан на состанокот в понеделник во Брисел. По барање на Австрија и осум други членки на ЕУ, Западен Балкан ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи.

Во однос на пристапот на тој регион кон ЕУ, 2020 година е изгубена година за целиот Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг.

Тој во изјавата посочи дека 2021 година не смее да биде уште една изгубена година бидејќи штетата ќе биде поголема.

Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, некој друг ќе го пополни вакуумот, предупреди Шаленберг.

Кога станува збор за Русија, ќе се разгледаат состојбите во односите меѓу Унијата и Москва, како и натамошните активности на Брисел, рече тој.

Според најавите, ќе се дискутира и за односите меѓу САД и ЕУ, па се планира обраќање на американскиот претставник за борба против климатските промени, Џон Кери, преку видеоконференција.

Во вторник министрите за европски прашања ќе разговараат за прашањето на таканаречените дигитални сертификати за коронавирусот.

Во рамките на ЕУ постои неединство за прашањето за враќање на слободата на патување, без карантин.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Хрватска сака да ја понижи Србија

Објавено пред

Србија сака да има добри и коректни односи со сите во своето опкружување, а постапките и изјавите од Хрватска не се израз на почит кон Србија, туку обид за понижување, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Реагирајќи на изјавите на хрватскиот министер за надворешни работи дека Хрватска ќе го зголеми бројот на своите припадници во КФОР затоа што тоа е значајно за официјален Загреб заради зачувување на мирот во регионот, Вучиќ рече дека Хрватска можела да го одбие КФОР и дека таквата одлука е донесена со цел понатамошно понижување на Србија.

Претходно денес, хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги нарече остри изјавите на Белград за зголемениот ангажман на хрватските војници на Косово, кои беа оценети како хистерични шпекулации, објавуваат медиумите во регионот.

Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на Хрватска се истакнува дека министерот Гордан Грлиќ Радман го посети 34. хрватски контингент во мисијата КФОР како дел од официјалната посета на Косово отфрлајќи ги изјавите на Вулин како „хистерични шпекулации на Србија“, кои се „насочени против Хрватска“ и алудираат на разни воени и слични активности, што Министерството ги смета за крајно смешни и апсурдни.

„Можеа да го одбијат КФОР, но намерно донесоа таква одлука со цел дополнително да ја понижат Србија. Ја примивме пораката и ја разбравме“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред новинарите.

Тој им порача на Србите во Косово „да не се грижат“ и најави дека за неколку дена ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел истакнувајќи ја посветеноста на Србија за избегнување конфликти и зачувување на мирот. Вучиќ рече дека им кажувал на сите оние што мислат дека ќе има нови бури и нови протерувања дека тоа нема да се случи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија4 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија4 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија5 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија6 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија6 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија7 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија8 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија12 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет12 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион12 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија12 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион12 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет12 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие