Регион
(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро
Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По дводневно насилство, третиот ден на протести помина во голема мера мирно.
Српскиот премиер најави нови мерки за Белград, кои вклучуваат забрана за собирање повеќе од 10 лица во затворено и на отворено, но овие мерки сè уште не се ставени во сила, па затоа не важеа за синоќешните нови протести.
Меѓу демонстрантите имаше иницијатива, кога ќе почне протестот, граѓаните да седнат за да се направи разлика помеѓу обичните демонстранти и хулиганите. Вучиќ, пак, од авионот со кој леташе за Брисел ги спореди демонстрантите со нацистите и им рече на граѓаните да не се судираат со насилниците затоа што државата ќе го стори тоа.
Во најголем дел планот на демонстрантите успеа. Значителен број демонстранти во Белград и голем број српски градови, каде што се одржуваа протести, седеа во поголемиот дел од времето. Протестите беа мирни, а некои играа оро.
Ovo su huligani koji upravo pokusavaju fizicki da napadnu civilizovan narod kod skupstine. pic.twitter.com/w0ThFdVIwm
— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) July 9, 2020
Српските медиуми пренесуваат дека во еден миг протестот бил расипан од група хулигани, кои предизвикале судир, но демонстрантите успеале да ги истераат насилниците од просторот пред српскиот парламент.
„Нова.рс“ јавува за инцидент за време на вчерашниот собир кога група го нападнала и му ја скршиле главата на нивниот известувач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

