Регион
(Видео) Блогерка шокирана од апартманот во Хрватска: „Ова чини 83 евра? Каков грабеж“

Познатата блогерка на „Тик ток“, Саомаи, која ја следат 218,5 илјади луѓе, беше непријатно изненадена кога видела за што сакале да ѝ наплатат 83 евра во Хрватска.
Како што самата рече, кога го видела апартманот, таа одлучила дека е подобро да спие на плажа.
@saomaileI spent the night outside. Follow me on IG📸: lesaomai❤️ ##travel ##travelling ##croatia ##travellife ##traveldiaries ##travelvlog ##hotel ##homeless
„Вчера бев бездомничка, а сега ќе видите зошто. Бев во убавиот Брсеч и погледнете што ме дочека. Ова чини 83 евра – каков грабеж“, рече таа.
Таа објави видео на кое се гледа како влегува во многу скромен апартман, кој се состои од еден брачен кревет и мала кујна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сведок на Специјалниот суд во Хаг пронајден мртов – командувал со логорот на ОВК

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми.
Како наведува „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.
За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.
„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.
Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој беше примен во полицијата по 1999 година. Засега нема повеќе информации дали Суљевичи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК, кои беа уапсени и се наоѓаат во Хаг.
Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.
Регион
Нов земјотрес со јачина од 4,1 степен ја погоди Хрватска

Нов земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска околу 13 часот ја погоди областа на Петриња.
Ова е 26. земјотрес што се почувствува во Хрватска во последните три дена, пишува порталот „Индекс“, а земјотресот бил почувствуван и во БиХ, јавуваат тамошните медиуми.
Земјотресот траел околу пет секунди.
ЕМСЦ прво извести дека магнитудата била 3,7 степени според Рихтеровата скала, а потоа ја поправиле на 4,1.
Хрватската сеизмолошка служба исто така потврди дека земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала.
Инаку, во текот на минатата ноќ, областа Петриња се тресеше дури девет пати, а најсилниот удар беше 3,2 степени според Рихтер.
Регион
Во Хрватска 715 нови случаи на коронавирус, 33 лица починаа

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 715 нови случаи на коронавирус, а 33 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска е 4.653. Меѓу нив, 1.855 пациенти се во болница, од кои 160 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 223.812 лица заразени со коронавирус, од кои 4.550 починале.
Вкупно оздравеле 214.609 луѓе, од кои 1.239 во последните 24 часа.
До денес, тестирани се вкупно 1.107.887 лица, од кои 5.335 во последните 24 часа, според Националниот штаб за цивилна заштита.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира