Регион
(Видео) Во Белград потона сплав – тинејџери паѓаа водата и пливаа до брегот за да се спасат
Еден од гостите изјави дека на потонувањето на сплавот му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето.
Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона синоќа, ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишува Блиц.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Како што може да се види на видеата објавени на Инстаграм профилот „moj_beo_grad_“, кога сплавот потонал, гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот.
View this post on Instagram
Објавени се бројни драматични видеа од местото на несреќата. На едната се гледа како спасувачите со чамци ги превезуваат гостите до брегот.
Како што дознава Блиц, на полицијата и биле потребни седум минути за да стигне до сплавот „Картел“ по дојавата, а на терен биле сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итни случаи.
Службите евакуирале 30-тина лица.
Една од девојките за „Блиц“ изјавила дека настанало вистинско стампедо кога сплавот „Картел“ почнал да тоне.
View this post on Instagram
– Некои почнаа да скокаат во водата и да пливаат до брегот, додека други останаа закотвени во страв да не се удават. Веднаш дојдоа и родителите на гостите кои беа заглавени на сплавот. Луѓето беа нервозни. Видов дека брзата помош му помогна на едно момче. Сите беа во паника. Повикаа помош“ изјавил за „Блиц“ девојка која била сведок на потонувањето на сплавот „Картел“.
View this post on Instagram
Еден од гостите изјавил дека на потонувањето на сплавот „Картел“ му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето.
– Поголема група луѓе почна да се симнува од сплавот и да се спротивставува на обезбедувањето. Потоа започна тепачката. Мостот почна да пука, сплавот да тоне и сите што истрчаа паднаа во водата – изјави очевидец.
На едно од видеата објавени синоќа на интернет се гледа атмосферата од настапот на раперот Цунами на „Картел“ пред потонувањето. Се гледа дека сплавот бил полн со многу расположени тинејџери кои немале поим дека наскоро ќе се борат за гол живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Мажот кој со сопругата загина во Хрватска, пред несреќата се снимал во живо додека вози „бмв“ 200 на час
Еди Здјелар (24) и неговата сопруга загинаа вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска, а нивното двегодишно дете е тешко повредено.
Здјелар управувал „бмв“ со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете. До несреќата дошло кога тој удрил во задниот дел на камионот со босански национални ознаки што се движел пред него во истиот правец.
Кусо пред несреќата, 24-годишникот на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како вози на автопат, каде може да се забележи дека возел повеќе од 200 километри на час. На видеото во позадина гласно се слуша музика, а надвор врне.
Здјелар во еден дел од видеото ги поздравува пријателите и ги известува дека оди на крштевка. Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата кое е пријавено во 15:00 часот.
Порталот „24сата“ пишува дека во 2019 година Здјелар предизвикал уште една сообраќајна несреќа со смртни последици. Како возач на комбе изгубил контрола над возилото и неконтролирано преминал на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Тогаш загинале маж и неговата бремена сопруга.
„Јутарњи лист“ пишува дека девојчето моментално e надвор од животна опасност.
Регион
Драма во Хрватска: мал авион ја промаши пистата и удри во луѓе, има повредени
Во несреќата што се случи на Хвар, Хрватска, кога помал авион ја промаши пистата, три лица се полесно повредени, јави ХРТ.
Несреќата се случила во Староградско поле, кога авионот ја промашил пистата при слетување и удрил во двајца велосипедисти.
Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.
Регион
Тепачка пред средно училиште во Сараево: повредено едно лице
Денеска во 11 часот и 40 минути пред Средното машинско-техничко училиште во Сараево дошло до физичка пресметка меѓу две лица во која едно лице е повредено, пренесува порталот „Radiosarajevo.ba“.
Според забележаното од порталот „Radiosarajevo.ba“ пред Средното машинско-техничко училиште, биле припадници на КС МУП и вршеле истрага.
„Пред училиштето се е оградено со жолти ленти, а полицијата е на терен“, пренесува порталот.
Според последните информации, непознат маж бил повреден од камен и во моментов се наоѓа во здравствена установа за да му биде укажана соодветна лекарска помош.