Регион
(Видео) Вучиќ: Ми рекоа дека мораме да го прифатиме планот за Косово

Планот за Косово веќе не е само француско-германски план, туку многу повеќе од тоа, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста. Тој посочува дека на состанокот на „големата петорка“ му било кажано дека мора да го прифатиме планот, а дека во
спротивно Србија ќе се соочи со прекин на евроинтеграцискиот процес, запирање и повлекување на инвестициите и сеопфатни мерки во економска и политичка смисла.
Тој вели и дека ќе има голема борба за Заедницата на српските општини, како и дека е загрижен дека нема порационален пристап за решавање на проблемот.
Претседателот на Србија рече дека во втората реченица на состанокот на „Големата петорка“ му било кажано дека мора да го прифатиме планот.
„Во втората реченица што ми беше соопштена, беше речено – мора да го прифатите овој план, а ако не го прифатите, бидејќи сметаме дека мора да се прифати, ќе се соочите – под еден со прекин на евроинтеграциите, под два со запирање и повлекување на инвестициите и под три со
сеопфатни мерки во економска и политичка смисла кои ќе нанесат голема штета на Република Србија“, рече претседателот Вучиќ.
Тој вели дека ова му било повторено трипати во текот на разговорот.
Вучиќ изјави дека во следните неколку дена ќе ги покани на разговор сите претставници на пратеничките групи за да ги информира што се случува и да им даде повеќе информации за тоа како напредувале преговорите за Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Над 7200 загинати во Турција и Сирија, бројот постојано расте

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 7.200, а десетици илјади луѓе се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарас на југоисток, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 погодени провинции. Ќе трае три месеци.
Македонија
Гази Баба доделува 500.000 денари за помош на Турција и Сирија

Советот на општина Гази Баба донесе одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.
„ Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.
Регион
(Видео) Сателитски снимки го покажуваат ужасот во Турција

Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинале најмалку 6.300 луѓе. Се стравува дека бројката ќе расте уште многу. Секоја минута е важна за пронаоѓање на преживеани.
Луѓе со лопати и друг алат се обидуваат да копаат под урнатините и да најдат некој жив човек. Светот е на нозе, од секаде се испраќа секаква помош.
Сателитските снимки што ги објави Маџар Технолоџис го покажуваат степенот на штетата предизвикана од земјотресот во Турција.
We will be activating our Open Data Program (https://t.co/KG4Ln7Gvck) for the powerful #earthquakes in #Turkey and #Syria. Please stay tuned for that notification. Seen here is another before (Oct 4, 2022) and after (Feb 7, 2023) view of #Islahiye, Turkey and the destruction. pic.twitter.com/jd8KakGRgb
— Maxar Technologies (@Maxar) February 7, 2023
Фотографиите пред и потоа од градот Ислахије на југоистокот на земјата покажуваат колку згради се уништени.
Првата слика е направена на 4 октомври 2022 година, а втората е направена денеска.
Одреден број згради целосно се урнаа, а други паднаа на страните и нивните делови беа расфрлани наоколу.