Регион
(Видео) Гафови на средбата Меркел-Рама
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска пристигна од Белград во Тирана, каде што се сретна со албанскиот премиер Еди Рама.
Социјалните мрежи блеснаа, но не поради официјалниот дел од состанокот, туку поради серијата гафови што се случија пред почетокот на тет-а-тет разговорот во Палатата на бригадите, пред кој беше организиран свечен пречек.
Прво, бравата на „мерцедесот“ со кој пристигна Меркел на средбата со Рама беше блокирана или возачот заборави да ја отклучи вратата, па телохранителот беше фатен како тропа на вратата и се бори да ја отвори.
? Rama pret Merkelin në Tiranë
Kancelarja gjermane, Angela Merkel, nisi vizitën e saj në Shqipëri më 14 shtator. Ajo u prit me ceremoni shtetërore në Pallatin e Brigadave nga kryeministri shqiptar, Edi Rama.
? Më shumë: https://t.co/9thWpFmW54 pic.twitter.com/VUyW9pHvkF
— Radio Evropa e Lirë (@evropaelire) September 14, 2021
Ова веднаш беше проследено со непријатен поздрав од Рама и Меркел.
Имено, поради пандемијата на коронавирус, Ангела Меркел се поздравува со тупаница, а видно возбудениот Рама ентузијастички ја подаде раката кон неа. По неколку моменти непријатна тишина, тие успеаја да се поздрават.
Следеше нов гаф за време на интонирањето на химната. Меркел поради нејзината здравствена состојба седеше за време на интонирањето на химната, но корисниците на социјалните мрежи беа збунети зошто и Рама седи.
Згора на сето тоа, Рама се најде на удар на „модната полиција“.
Тој доби критики за неносење класични, кожени чевли, туку дека ја пречекал „кралицата на Европа“ во мокасини. На многумина не им се допадна ниту неговата вратоврска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

