Регион
(Видео) И вечерва Црна Гора на нозе, граѓаните бараат ослободување на свештениците
. Насобраните луѓе со порака – светињата мора да се брани. По одбивањето на жалбата да бидат ослободени од притвор епископот на СПЦ, Јоаникие, и уште осум свештеници, кои вчера беа приведени поради организирање литија – молитвена поворка на свештеници и граѓани, голем број граѓани на Црна Гора излегоа на улица во знак на протест.
Тие претходно вечерва се собраа пред Центарот за безбедност во Никшиќ.
Полицијата употреби солзавец за време на протестите во Никшиќ.
Координаторот на партијата Алтернатива, Веско Пејак, вечерва е повикан на информативен разговор во Центарот за безбедност во Никшиќ, поради статус на Фејсбук, во кој претходно денеска напишал дека во 18 часот ќе биде пред Центарот за безбедност, за да искаже револт поради апсењето на свештените лица.
Граѓаните ја гаѓаа полицијата со камења и скандираа. Полицијата ги разби граѓаните на групи. На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види дека насобраните не носат маски.
Пејак се појавил сам а набрзо му се придружиле десетина во главно млади луѓе. Потоа пред Центарот за безбедност се собра поголем број граѓани. Насобраните скандираа: „Пуштете го владиката“ и пееја „Стана Црна Гора, светињата да се брани мора“.
Вечерва по 20 часот во Будва беше организирана мирна протестна прошетка, поради апсењето на епископот Јоаники и свештеници на СПЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

