Регион
(Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: „Мојот син не е виновен, некој го намести“
Повеќе од две недели откако беше пријавена за исчезната, телото на двегодишната Данка Илиќ, сè уште не е пронајдено.
Истрагата на српската полиција покажа дека двајца работници на српски Водовод го фрлиле телото од автомобилот на депонија, но еден од нив подоцна, најверојатно со помош на членовите на семејството, го преместил телото, а не сака да каже на полицијата каде.
На распит беа донесени братот и таткото на убиецот Дејан Драгијевиќ. Таткото е приведен, а неговиот брат Далибор почина од срцев удар, јавуваат српските медиуми. Мајката на убиецот, Светлана Драгијевиќ, по вчерашниот погреб на нејзиниот син првпат во јавноста проговори за случајот за Информер.
– Некој друг го направи тоа, па го намести. Се плашам од полицијата и од сите, само ме сликаат! Сите дојдоа, изнесоа секакви работи, имам седум документи имам. Ја зедоа моторната пила, беа во бели одела и земаа брисеви, беа од 10 до три и пол сабајле, имам се во документите, рече Светлана цело време повторувајќи дека се плаши да не остане сама.
– Сама одам во амбуланта, доаѓаат од Итна помош да ми измерат притисок. Соседите доаѓаат да седат кај мене навечер, се плашам да бидам сама поради новинарите, само ме сликаат и пишуваат. Утре одам на гробишта. Мислам дека мојот син не е виновен, но не знам ништо. Немам никаков контакт со него, не знам ни како призна Дејан, тоа е местенка, кажа таа.
Да потсетиме, Данка Илиќ од Бор исчезна на 26 март, а на 4 април српскиот МУП официјално објави дека девојчето е убиено. Се сомнева дека со автомобил ја удриле Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50). После тоа, наводно претпоставиле дека девојчето е мртво и ја ставиле во автомобилот, а кога сфатиле дека е се уште жива, ја задавиле и и го фрлиле телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

