Регион
(Видео) Момчето убиец пристигна во судот во Белград: се очекува негово сослушување, шокантни сцени пред и во објектот
Малолетниот убиец од белградското основно училиште, кој на 3 мај минатата година уби десет ученици и обезбедувач, првпат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград пред кој има вооружени полицајци, пишува „Блиц.рс“.
Момчето ќе биде специјален сведок на судењето на своите родители.
Како што јавија репортерите на „Блиц“ од местото на настанот, момчето убиец со возило на брзаѕта помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа што ротирале.
Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки, кои ги обезбедуваат и судот и судењето.
Исто така, има и неколку полициски возила.
„Денеска, се очекува сослушувањето на малолетниот убиец. Тој има право да одбие да сведочи имајќи предвид дека веќе е сослушан. Ова е прва можност семејствата на убиените да поставуваат прашања што ги мачат веќе една година“, им рече адвокатот Огњен Божовиќ на новинарите.
Како што јавуваат новинарите на „Блиц“ од местото на настанот, шокантни се сцените пред и во судот. Секој час пристигнуваат родителите на убиените деца. Во судот влегуваат потиштени, со наведнати глави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас кај Ниш: бебе најдено во контејнер
Бебе е пронајдено во контејнер во селото Малошиште кај Дољевац.
Плачот на новороденчето го чул минувач којшто ја алармирал Итната помош, јавува Република. рс.
Педијатарот во Домот за здравје, Милош Богословиќ вели дека 16 години е лекар и ова е една од најпотресните ситуации со кои се соочил бидејќи е татко на две деца.
Од полициската управа во Ниш за „Танјуг“ потврдија дека бебето е во стабилна состојба.
Педијатарот рече дека бебето е здраво, тешко 2.950 грама, а станува збор за девојче.
Неофицијално, според пишувањата на дел од српските медиуми, мајката го фрлила новороденчето во контејнерот, и е пронајдена.
Се истражуваат сите околности на овој настан, а известено е и Основното јавно обвинителство Ниш, јавуваат српските медиуми.
Регион
(Видео) „Мамо, успеав“: Токиќ се расплака по кандидатурата за претседател на Хрватска
Државната изборна комисија на Република Хрватска (ДИП) донесе одлуки за валидно предложени кандидатури за претседател на Република Хрватска.
На списокот на оние што ги собраа потребните 10.000 потписи и кои ќе се појават на гласачките ливчиња в недела на 29 декември се: Миро Буљ, Томислав Јоњиќ, Ивана Кекин, Бранка Лозо, Зоран Милановиќ, Драган Приморац, Марија Селак Распудиќ и Нико Токиќ-Картело.
ДИК ги објави имињата на кандидатите вчера во 16 часот, а од моментот на објавување на листата на кандидати, рокот за приговори, кој може да се достави до Државната изборна комисија најдоцна до петок, 13 декември, до 24 часот, почна да тече.
Токиќ-Картело се расплака пред камерите на „Нова ТВ“ по објавувањето на кандидатурата.
„Не можам да ви опишам колку сум среќен! Мамо, успеав, ќе бидам кандидат, ќе бидам претседател на Хрватска“, низ солзи вели Токиќ-Картело.
Тој рече дека деловните обврски ќе ги стави во втор план и дека сака да докаже дека претседателската функција не е само протоколарна и со малку ингеренции.
„Претседателот може да прави што сака, да ги обединува луѓето, да ја развива економијата, може да биде поддршка за луѓето што се во неволја. Подготвен сум за таков предизвик и Хрватска ќе добие претседател од чија функција ќе почнат промените“, рече тој.
Регион
Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во тешка состојба
Повредените при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, пациентот Ц. В. (18) и пациентката М. Т. (24), сè уште се на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина и се во тешка, но стабилна здравствена состојба, соопштија денеска од КЦВ.
„Тие се свесни и дишат спонтано. Мултидисциплинарен консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции и психолошка поддршка, која е постојано присутна“, се вели во соопштението.
Во несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица кога врз нив се урна армирано-бетонски натстрешник од неодамна реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, објави „Нова.рс“.