Контакт

Регион

(Видео) Невреме го погоди Родос: Луѓе заробени во возила, торнадо откорна гранки

Објавено пред

Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф.

И синоќа Родос беше погоден од невреме.

Во исто време, штета предизвика и торнадото што се случи во северниот триаголник на Родос, поточно од областа Калитеа до областа Зефирос.

Како што е познато, силно торнадо откорна или скрши гранки од големи дрвја, а штети беа предизвикани и во областа Неа Марина.

Регион

Болница испратила девојче од Хрватска дома, кога родителите го вратиле – починало

Објавено пред

Пред неколку дена во болница во Пула почина двегодишно девојче. Како што потврдија од истарската полиција, таа била донесена во болницата во Пула во ноќните часови на 18 февруари поради влошување на здравствената состојба и починала по реанимација.

dobivaj vesti na viber

Родителите ден претходно биле со детето на преглед во болница, но девојчето било пуштено дома.

Во текот на ноќта повторно се вратиле во болница, по што детето починало.

На телото на починатото дете е извршена обдукција, а точната причина за смртта ќе се знае по добивањето на наодите од токсиколошкиот преглед и хистолошката анализа “, соопштија претходно од полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Урсула фон дер Лајен: Ако бидам реизбрана ќе се залагам за проширување на ЕУ со Западен Балкан

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека, доколку биде реизбрана на таа функција, ќе биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција во Брисел, на прашањето на „Танјуг“ дали проширувањето на ЕУ со Србија и остатокот од Западен Балкан ќе биде меѓу нејзините приоритети доколку обезбеди втор мандат на чело на ЕК, фон дер Лајен рече дека отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето, како и дека таа многу јасно ставила до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги.

„Сè уште инсистирам на тоа, но добро е да се види како Западен Балкан, но и на пример Украина и Молдавија, прават се што е можно за да ги спроведат потребните реформи и да напредуваат кон Европската унија. Така, се разбира, во потенцијалниот следен мандат ќе ме најдете како силен поборник за проширување кон Западен Балкан“, рече Фон дер Лајен.

 

Таа додаде дека Планот за раст за Западен Балкан е многу јасна порака за процесот на проширување.

Прикажи повеќе...

Регион

4-годишно девојче почина во Косово, го претепале децата на вујкото

Објавено пред

Четиригодишно девојче од Ѓаковица, Косово, починало вчера во болница во Приштина под сѐ уште неразјаснети околности.

dobivaj vesti na viber

Се сомнева дека им подлегнала на повредите што ѝ ги нанеле децата на вујкото, пишува српски „Телеграф“. Во болницата во Приштина била донесена во тешка состојба, а лекарите ѝ рекле на мајка ѝ дека има сериозни повреди потелото нанесени од децата на вујко ѝ, со кои наводно си играла во дворот од куќата.

Таа дојде да го посети со мајка си. Мајка ѝ Хајра рече дека девојчето ѝ кажало дека ја тепале деца од семејството на вујкото.

„Кога ја зедов в раце, не можеше да оди, само плачеше“, рекла мајката.

Девојчето имало модринки во долниот дел на грбот и имало оток на градниот кош, констатирале лекарите во Ѓаковица, но поради сериозноста на повредите за кои подоцна било констатирано дека се и во пределот на главата, веднаш ја префрлиле во Приштина.

Иако лекарите во Ѓаковица констатирале повреди, мајка ѝ изјавила дека има друга причина за смртта. Таа тврди дека дежурниот лекар во болницата во Приштина среде ноќ ѝ рекол дека девојчето има голема инфекција и поради тоа крвави.

Лекарскиот одбор се согласил со оваа причина за смртта, па на прашањето дали инфекцијата настанала со тепање или несоодветен третман, ќе се одговори подоцна.

Ова ќе го утврди истрагата бидејќи надлежниот обвинител донел наредба за поведување истрага за смртта, а се очекува и пријава од Институтот за судска медицина, каде што телото е испратено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија7 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија8 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија8 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија10 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија11 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ11 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија12 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ12 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија13 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија14 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија14 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија15 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија18 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија18 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет20 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа20 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет21 час

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион21 час

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа1 ден

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...