Регион
(Видео) Не стивнуваат протестите во Албанија откако полицијата застрела 25-годишно момче
Протестите за смртта на 25-годишникот којго го застрела полицијата во Албанија продолжија петти ден по ред. Демонстрантите, кои првично се собраа на плоштадот Скендербег во Тирана, се судрија со полицијата по повикот да заминат дома поради забраната на масовни собири за време на коронавирусот.
Потоа демонстрантите маршираа по Булеварот на народни херои, извикувајќи „Правда за Клавдиј“ и „Без правда, нема мир“, а инцидентите беа снимени додека поминуваа покрај седиштето на премиерот на Албанија. Полицискиот час беше воведен во Албанија како дел од мерките преземени за контрола на коронавирусот.
LIVE: 5th night of protests in #Tirana, #Albania: Police fired water cannons at demonstrators protesting against #PoliceBrutality. @enough14@AnonymeCitoyen @ChalecosAmarill pic.twitter.com/4t8Cno4mzX
— Xhildinho Z (@xhildinho) December 13, 2020
Демонстрантите побараа оставка од началникот на полицијата и ослободување на уапсените во неколкудневните судири со полицијата. Подоцна, некои фрлаа камења кон полициската станица во Тирана, каде што полицијата одговори со солзавец и водени топови. Мали протести се одржаа и во други градови.
Демонстрантите ѝ пркосеа на забраната за јавни собири и се судрија со полицијата во последните денови откако Клодијан Раша (25) беше убиен во Тирана среде полициски час рано во вторникот. Полицијата тврди дека тој ги игнорирал повиците на полициските службеници да застане и побегнал. Уапсен е полицаец кој пукал во него и го убил и е под истрага за „убиства што ја надминуваат неопходната самоодбрана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

