Регион
(Видео) Нови Сад избира градоначалник: најавен е протест, огромен број полициски сили го обезбедуваат Градското собрание
Голем број полицајци утринава пристигнаа во Градското собрание на Нови Сад, каде што денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува „Нова.рс“.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница почнува во 10 часот. И уште во 6.30 часот утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.
07.05h duga kolona policajaca ulaze #novisad pic.twitter.com/Ksu6Ppwq3b
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.
Во 7 часот, според видеоснимките, полициски автомобили пристигнале пред Градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.
07.15h …nove i nove marice i stigle i ograde ispred Skupštine grada #NoviSad pic.twitter.com/ooG0Xwc3hv
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Само 15 минути подоцна, јавува „Нова.рс“, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот „Нова.рс“, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера подигале ограда пред Градското собрание.
Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9.30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.
Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во Собранието на Нови Сад од листата на Александар Вучиќ, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.
Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

