Регион
(Видео) Протести во Грција поради „Аја Софија“, ѕвонea ѕвона во знак на жалост

Протести се одржуваат низ цела Грција поради одлуката на Турција да ја претвори „Аја Софија“ во џамија. Турција неодамна го поништи 86-годишниот статус на „Аја Софија“ како музеј и од денеска е отворена за муслиманска богослужба. Во исто време кога беше отворена за верниците, црковните sвона ѕвонеа во знак на жалост низ цела Грција, а знамињата беа спуштени на половина копје, пишува „Еуроњус“.
Поглаварот на грчката црква, архиепископот Јероним Втори, го нарече претворањето од музеј во џамија „чин што му се спротивставува на Бога“, додавајќи дека денес е „ден на жалост за целиот христијански свет“.
Патријархот вечерва ќе отслужи посебна литургија, за време на која се очекува да ја пее православната акатистичка химна посветена на Дева Марија, молитва за која се верува дека за првпат се отпеала во 626 година, како знак на благодарност до Дева Марија за заштита на Константинопол за време на Османлиската Империја.
Грчкиот премиер изјави дека она што се случува со „Аја Софија“ не е „манифестација на моќ, туку знак на слабост“.
Денеска десетици верници и туристи кои дојдоа во Истанбул да присуствуваат на првата молитва во „Аја Софија“ предизвикаа еден помал инцидент кога се пробија низ полицискиот кордон да се приближат до зградата.
Во исто време, мерките против ширењето на коронавирусот се запоставени. Илјадници верници и туристи ги окупираа улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори недалеку од зградата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ќе има војна

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди за време на отворањето на новата брза железница што ги поврзува Белград и Суботица дека целиот свет се подготвува за војна.
„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде тешко и тука, од едноставна причина што луѓето мора да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека ќе има. И ви велам, ќе има“, рече српскиот претседател, пренесува Телеграф.
„Тие не се заинтересирани за разговори и преговори. Тие копаат ровови и чекаат почеток, а знаат дека војната дефинитивно доаѓа. Тие чекаат и се подготвуваат“, додаде тој.
„Мораме да подготвиме некои работи што не сме ги подготвиле“
Тој нагласи дека светот се движи кон војна и дека малкумина можат да ја спречат.
„Би платил сè на светот ако тоа не се случеше. За жал, се плашам дека сум во право. Ќе мора да подготвиме некои работи што не сме ги подготвиле. Нашата армија е подготвена да го одврати секој непријател, но ќе мора да подготвиме и некои други работи“, изјави тој.
„Двапати ги зголемив сите резерви на храна, и за армијата и преку нашите стокови резерви. Сега повторно ќе побарам зголемување“, објави тој.
Во врска со можните проблеми со снабдувањето со гориво поради санкциите на САД врз нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ рече дека сè ќе биде решено и дека нема да има купување гориво во кантички.
„Она што ни го оставија, денес се обидуваме да го решиме. Не сме ниту виновни ниту обврзани да се најдеме во проблем и ја плаќаме цената. Но, граѓаните не треба да се грижат. Ќе ги решиме проблемите и нема да има бензин во кантички, но нека знаат дека ако случајно имаме бензин во кантички, единствените што треба да се обвинат се тие“, заклучи тој.
Фото: принтскрин
Регион
На средбата со Путин, Додик ги нарече Германците примитивци од Западот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин, а откако двајцата се сретнаа во Сочи синоќа, изјави дека ја добил и дека смета на Москва да продолжи да биде негова силна поддршка.
На снимките прикажани од јавниот сервис на РС (РТРС), можеше да се слушне како Путин го нарекува Додик претседател иако остана без мандатот на прв човек на РС уште во август, откако беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник.
Додик пристигна во Сочи на Валдај форумот, каде што Путин беше главен говорник.
„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е комплицирана“, сè уште можеше да се чуе како Путин му вели на Додик пред да престане снимањето.
После тоа, Додик изјави за RTRS дека разговорот со Путин бил „многу отворен и фер“ и дека го повикал да „не го изоставува Балканот“ во разговорите со другите важни партнери, особено САД, и да не дозволи Германците да ја контролираат ситуацијата таму бидејќи, како што рече, тие не се на страната на Србите.
Додик ги нарече Германците, како и претставниците на другите влијателни земји што се занимаваат со Босна и Херцеговина, „исплашени примитивци од Западот“. Затоа, тој се потпира на Русија како можен коректив и верува дека сегашното претседателство на Русија со Советот за безбедност на ООН ќе биде корисно за неговите политички цели.
Фото: ЕПА
Регион
Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот.
Итни служби веднаш беа испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. По пристигнувањето на местото на несреќата, го пронашле возилото во морето. Според спасувачите, телото на едно лице пловело, додека нуркачите извлекле уште три тела од морето. Во автомобилот имало двајца мажи и две жени.
Телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека, каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта и идентитетот на починатите. Полицијата потврди дека истрагата на лице место е завршена, но во тек е понатамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.
Според неофицијални информации, возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што укажува на можноста починатите да биле странски државјани, објави РТЛ. Ова ќе биде познато дури по официјалната потврда на идентитетите.
фото: принтскрин