Регион
(Видео) Свештеник во Белград ги нападна полицајците за да спаси демонстрант
На социјалните мрежи кружи видео од православен свештеник кој учествувал на вчерашните протести во Белград. На кусото видео се гледа како монахот се обидува да спречи полицаец во цивил, кој влече демонстрант за вратот.
Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека тој е монах кој бил избркан од Православната црква поради своето однесување, а во Србија е познат по неговото спротивставување на властите.
Ovog lika izabrati za patrijarha pic.twitter.com/Dd2Y1FBywr
— Suki (@doktorzakrave) July 8, 2020
„Со пресудата на Црковниот суд тој беше обвинет за самоволие и непослушност кон надлежните црковни власти, како и за изнесување многубројни невистини и клевети. Антоние повеќепати вршел верска служба на Трг републике, на што нема право ни додека бил монах, бидејќи припаѓал на редот на обичните монаси, кои не можеле да вршат свештени работи“, се наведува во образложението за неговото исклучување.
Според српските медиуми, монахот Антониј бил уапсен во 2012 година затоа што со автомобил ги нападнал полициските службеници на едно градилиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.