Регион
(Видео) Тепачка на протести во Србија

Демонстранти во Србија денеска повторно го блокираа автопатот во Белград во двата правци.
Тие се против експлоатацијата на литиум. Клучното барање на демонстрантите е да се избрише од урбанистичкиот план на градот Лозница во западниот дел на Србија планот за изградба на рудник на компанијата „Рио Тинто“, како и да не се дозволи експлоатација на литиум во други делови на земјата.
Според последните информации од медиумите во соседството непознат маж со својот автомобил удрил во демонстрант, при што му биле искршени стаклата од автомобилот.
„Нека вози, гледаш дека е пијан. Пуштете го“, извикувале демонстрантите.
Зар је ово начин да исказујеш незадовољство? Шта је овај човек скривио да га руља овако малтретира? Чему ово људи, ако за Бога знате? pic.twitter.com/pq3WIG5bui
— Владимир Ђукановић (@adv_djukanovic) December 11, 2021
Еден од демонстрантите изјавил дека тој очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот.
Еден час траела блокадата на автопатот во Белград. Сега сообраќајот е ослободен, пишуваат медиумите.
Инаку денешниот протест е трет по ред откако демонстрантите го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Убиство во Албанија: Пред телевизијата убиен вработен на „Топ чанел“

Член од обезбедувањето на албанскиот медиум „Топ чанел“ Паљ Коља (60) е убиен синоќа, кога непознати лица пукале во правец на зградата на телевизијата, пренесува „Коха“.
На магистралниот пат во Каваја е пронајден опожарен автомобил „ренџ ровер“ за кој постои сомневање дека им припаѓа на сторителите.
Според медиумите, на возилото биле украдени регистарските таблички. Полицијата е на терен, а увидната екипа продолжува да работи на расветлување на околностите.
Поставени се и контролни пунктови и се работи за откривање и приведување на сторителите.
Регион
Рама и Курти се сретнаа во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама.
-Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и натамошниот напредок во процесот на неговата имплементација, напиша Рама на Фејсбук.
На Албин му ги изразив сите мои симпатии за храброста и реализмот со кои тој направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори, како за гаранција на српските општини во рамките на асоцијација која го гарантира самоуправувањето на српската заедница, како и функционирањето со потребните гаранции, на Српската црква во нејзините верски објекти и нејзините богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој не лесен процес ја има мојата целосна поддршка, пишува Рама.
Додава дека се договориле следната заедничка седница на владите на двете земји да се одржи во јуни.
Ова ќе биде деветта заедничка седница на двете влади, по онаа во јуни минатата година.
Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“.
За првпат заедничка седница одржаа и парламентите на двете земји на 27 ноември минатата година во Тирана ден пред одбележувањето на денот на независноста на Албанјја, 28 ноември.
Регион
Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително ќе ја погоди и Србија“.
„Можете да погледнете во вашата архива кога на 25 ноември 2021 година, по мојата посета на Сочи, реков дека сме во тешко време, не затоа што Путин ми кажа дека ќе има војна. Тој секогаш одвојуваше 45 минути да зборува за Украина. Тогаш не зборуваше ни три минути. Тоа ми беше доволно. Си реков – одлуката е донесена. Недвосмислено реков дека ќе има одредени промени. Само следев, слушав и ги склопив фактите“, рече Вучиќ.
„Американците создаваат блок во Европа, тие создаваат посебен блок кој не е мал, Полска, балтичките земји плус Украина. Тие пет земји се поголеми од Франција и се приближуваат кон Германија. Тогаш е јасно дека тој квинтет или секстет со Романија станува најсилен во Европа после Германија. Сакаме да се позиционираме како централноевропска земја и затоа имаме сè поблиски и поблиски односи со Унгарија. Ова ќе ја промени динамиката на нашиот однос со Европа. Сакам да веруваме дека тоа ќе биде во позитивна смисла, но за нас постојат ограничувачки фактори во однос на санкциите против Русија и Косово“, рече тој.