Регион
(Видео) Трикатен хотел уништен во експлозија во Грција, нема повредени

Никој не е повреден во експлозијата што се случи синоќа во близина на грчкиот град Касторија, но уништен е трикатен хотел, објавија локалните власти.
Силната експлозија, која се случила половина час по полноќ, го уништи хотелскиот објект со 80 соби, кој беше затворен.
Причината за експлозијата не е позната, а првите откритија од истрагата укажуваат на истекување гас, објави АП.
Јорданис Михаилидис, првиот човек на Сојузот на сопствениците на хотелите од Касторија, изјави дека експлозијата била силна и дека имало прекин на електричната енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Авион принудно слета во Софија поради агресивно однесување на патник

Авион кој летал од Париз за Њу Делхи вчера попладне морал принудно да слета во Софија поради агресивно однесување на едне патник. Патникот, кој е државјанин на Индија, за време на летот на компанијата „Ер Франс“, почнал агресивно да се однесува набрзо по полетувањето.
Како што објаснил претствник на Националната истражна агенција, Ивајло Ангелов, патникот се карал со останатите патници, ги навредувал стјуардесите и удирал по вратата на копилотот.
Поради неговото однесување, капетанот морал да бара принудно слетување во Софија, пренесе „Ројтерс“.
„Ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за кое не постои разумно објаснување“ рекол Ангелов.
Човекот, чие име не е откриено, е изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот за што му се заканува затворска казна од 10 години.
Регион
(Видео) Во Србија стигнаа уште 500.000 вакцини од „Синофарм“

Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од руската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ”, рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.
„Благодарен сум на Кина, горд на Србија!“, напиша претседателот на Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.
„Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини“, рече претседателот на Србија.
Регион
Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти и сите продавници, освен продавниците за храна.
Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на часови преку Интернет.
За време на новиот режим ќе можат да работат само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, а на аптеките и бензинските пумпи работното време не им е ограничено.
Во ски – центрите овие мерки ќе важат од полноќ и ќе траат до понеделник, што значи дека угостителските објекти на овие места нема да работат во текот на целиот викенд.
Исклучок се хотелските кафулиња и ресторани, кои за време на викендот можат да послужат само гости кои имаат регистриран престој.
Кога станува збор за културните институции, само театрите ќе можат да работат до 21 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки, додека ќе може да се одржат и претходно закажани спортски настани, но без присуство на публика.
Доставата на храна ќе функционира 24 часа на ден. Исто така, по 12 часот, можат да работат приватни здравствени установи, лаборатории, ветеринарни клиники и стоматолошки ординации.
Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим.
Од Владата соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“