Регион
(Видео) Ужас во Паг: Притворен таткото што си ги фрли децата од 6 метри височина

Јосиф Роџак, ноќен чувар во камп на Паг, е таткото што изутринава ги фрли своите четири мали деца од првиот кат на семејниот дом на овој хрватски остров. Тој е уапсен, а неговите деца се хоспитализирани, две од нив се тешко повредени. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години, а татко им ги фрлил изутринава пред 7 часот од 6 метри височина. По пристигнувањето на полицијата, децата биле во свесна состојба. Тие се префрлени во болницата во Задар.
Според хрватските медиуми, Јосиф работел како ноќен чувар додека неговата сопруга се грижела за децата. Таа имала и 18 -годишна ќерка од првиот брак, која ѝ била одземена и живее во Риека. Пред десет години семејството се преселило од Вировитица на островот Паг.
Во времето кога се случил инцидентот во куќата била и мајката на децата. Таа, наводно, сакала да оди со децата во болница, но полицијата не ѝ дозволила и ја вратиле дома. Двете деца на возраст од 7 и 8 години имаат потешки повреди и се сместени на одделение за интензивна нега. Тие имаат фрактури на телото. Другите две деца на возраст од 3 и 4 години се полесно повредени.
„Се надевам дека децата ќе бидат во ред, иако првите информации од болницата се дека децата се многу повредени. Ние се обидуваме да утврдиме од контактите со Центарот за социјална работа во Паг каква била состојбата во семејството. Ќе испратиме итна инспекција. Јас сум шокирана, жал ми е за децата, па дури и не можам да верувам дека ова може да им се случи со мали деца“, изјави министерката за демографија, семејство, млади и социјална политика, Нада Мурганиќ.
Соседите велат дека чувствувале дека нешто не е во ред со семејството. Децата секогаш како патчиња оделе зад својата мајка за која биле многу врзани.
Полицијата изутринава во 6.47 часот добила повик дека 54-годишен маж на островот Паг на улицата Јосип Јелачиќ од висина од 6 метри ги фрлил своите четири малолетни деца од 3, 4, 7 и 8 години. Полицијата ги утврдува околностите на оваа трагедија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин