Контакт

Регион

(Видео) Љубљана под вода

Објавено пред

Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби примиле над 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ.

Поплавени се патиштата, како и подземните гаражи. Многубројни автомобили се уништени.

Како што јавуваат локалните медиуми, многу дожд наврнал за кус временски период. Во Љубљана паднале 88 литри на  квадратен метар, што според објавите во тамошните медиуми е нешто што се случува еднаш во 250 години.

Според досегашните податоци од утрово, нема повредени.

Регион

Автобус со работници пропадна во дупка на патот во Солун

Објавено пред

Автобус што превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун денеска пропаднал во дупка на патот, која била предизвикана од обилните дождови. Како што пренесуваат домашните медиуми, во инцидентот нема повредени.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 лица, пренесува АП.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а поради невремето многу патишта беа затворени.

Прикажи повеќе...

Регион

Остануваат истите услови за влез во Грција

Објавено пред

Условите за влез во Грција остануваат непроменети до 22 октомври.

Сегашните услови за влез во Грција се продолжени за уште седум дена, односно до 22 октомври.

За влез во Грција потребен е сертификат за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата, потврда за прележан коронавирус во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена пред патувањето, негативен брз тест, негативен ПЦР-тест заедно со пополнет електронски формулар PLF.

Ова важи за сите посетители без оглед на државјанството и начинот на влегување во земјата.

Овие услови се однесуваат за сите возрасни и деца над 12 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за работата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК).

Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, а Косово претседателката Вјоса Османи.

Извештајот ќе го претстави шефот на УНМИК и специјален претставник на генералниот секретар на ОН, Захир Танин, кој рече дека новиот извештај се фокусира на владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Во пресрет на седницата, како дел од редовните консултации, Танин разговараше одделно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Косово, Албин Курти. Сесијата почнува во 16 часот по средноевропско време.

Претходната седница на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн-формат поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Проблеми со гласањeто во затворите: Недостаток на паравани, затвореници ги нема на избирачки список

Доцнел почетокот на гласањето низ затворите во Македонија, поради технички проблеми. Досега е евидентирано дека во затворот „Идризово“ немало паравани...

Македонија1 час

Уапсени четири лица во Скопје за давање изборен поткуп

Полицијата уапси четири лица кои ги гони за давање изборен поткуп. Станува збор за скопјани, кои како што тврди МВР,...

Топ2 часа

Сопругата ја тепал со каиш, кон ќерка си посегнал со нож – семејно насилство во Гостивар

Обвинителството бара притвор за 43-годишен гостиварец поради семејно насилство. Синоќа околу 22:30 часот, во домот во кој живеел со сопругата...

Македонија3 часа

Затворен патот Дебар-Маврово поради дупка длабока 10 метри

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар. Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна...

Македонија4 часа

Денеска изборен молк – гласаат затворениците, болните и лицата со Ковид-19

На полноќ заврши изборната кампања и почна изборниот молк пред Локалните избори што ќе се одржат утре. Денеска гласаат болните,...

Регион17 часа

Автобус со работници пропадна во дупка на патот во Солун

Автобус што превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун денеска пропаднал во дупка на патот, која била предизвикана од обилните...

Свет19 часа

Крај на рестрикциите – САД ги отвора границите за вакцинираните граѓани

СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември. Одлуката означува крај на...

Топ19 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет20 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет20 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија23 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ1 ден

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија1 ден

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија1 ден

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија2 дена

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија2 дена

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија2 дена

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија2 дена

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет2 дена

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Досие