Контакт

Регион

Водачите на ЕУ од хеликоптер ја надгледуваа грчката граница

Објавено пред

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, ги пречека европските официјални претставници во Грција за да им покаже на жив пример како изгледа ситуацијата на турско-грчката граница.

Мицотакис, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, се качија во хеликоптер околу 1 часот по полноќ и тргнаа во обиколка на загрозените области во кои мигрантите непрекинато пристигнуваат од петокот.

Ситуацијата со мигрантите излезе од контрола кога турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одлучи да ги отвори границите и да ги пушти бегалците во Европа.

Грчката полиција и војската се обидуваат да спречат илјадници мигранти илегално да влезат во земјата. Грчката полиција беше принудена да користи солзавец, а мигрантите каменуваа возила. Во исто време стотици чамци се обидуваат да пристапат кон грчкиот остров Лезбос, каде што со месеци владее незадоволство кај населението поради наездата на мигрантите.

Лидерите на европските институции денес можеа да видат на самото место дека не се само Грците тие што користат сила. Поточно, ним им биле прикажани повеќе воени и полициски автомобили уништени од камења и мотики.

Регион

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Објавено пред

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска властите.

Жртвата е постар човек кој загинал кога покривoт од неговата куќа паднал врз него, пренесува Катимерини.

Во грчкото село Асос во Кефалонија, речиси ништо не останало недопрено.

Рекордни количини на дожд паднаа и во градот Хераклион на Крит, што доведе до затворање на мостовите.
Поголемиот дел од улиците во градот се поплавени, а речиси сите локали се под вода.

„Водата носи сè. Во овој момент не е безбедно да се биде надвор. Многу улици се непроодни поради дождовите“, сведочат локалните жители.

Претходно, вчера беше потврдена смртта на две лица, а уште две се водат за исчезнати.

Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници беа поплавени.

Како што се наведува, ураганот ќе се одрази и на економијата, бидејќи голем број земјоделци останале без производи.

Ураганот Јанос го погоди западниот брег на Грција во петокот, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а во саботата стигна до централниот дел на земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 197 новозаразени, починаа четири лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска, регистрирани се нови 197 случаи на зараза со коронавирус, со што бројот на активни случаи изнесува 2.138 лица. Меѓу нив, 281 пациент е во болница, а 21 се приклучени на апарати за дишење. Во изминатото деноноќие починаа уште четири лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 14.922 лица се заразиле со коронавирус, од кои 248 починаа. Оздравеа 12.536 лица.

Во моментов, во земјата има 9.714 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Ураганот во Грција остави пустош зад себе, фармерите спасуваат заробени животни

Објавено пред

Две лица загинаа, а едно е исчезнато во невремето што предизвика поплави во централна Грција. Ураганот ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.

Утрово споделено е видео на кое може да се види поплавениот регион и фармери кои ги спасуваат своите домашни животни.

Инаку, телото на првата жртва беше пронајдено вчера во нејзината поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица.

Најмалку два моста и неколку згради беа оштетени при излевање на река.

Жената која се води како исчезната, го игнорирала предупредувањето на пожарникарите и полицијата да не се вози во областа каде што реката го преплавила мостот.

Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата.

Некои делови од земјата останаа без електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Утре ќе се знае дали ќе има дневен престој во училиштата, не е исклучена можноста за затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Регион2 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Топ4 часа

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Жена на возраст од 59-години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот...

Македонија4 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија5 часа

Во моментов активни се 2.076 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активно заразени со коронавирус во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица. Деновиве зголемен е бројот на заразени од...

Македонија6 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија6 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура6 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија6 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет17 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет18 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура19 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет19 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ20 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион21 час

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија22 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион22 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт22 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија23 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ23 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Досие