Регион
Во „Аја Софија“ денеска ќе се одржи првата муслиманска молитва

Денеска, ќе биде одржана првата муслиманска молитва во „Аја Софија“ откако од музеј, по 86 години, повторно е претворена во џамија. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, исто така треба да присуствува на молитвата. Тој рече дека очекува на молитвата да присуствуваат меѓу 1.000 и 1.500 верници.
Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами, кои ќе ги водат молитвите во обновената џамија.
Во пресрет на првата молитва подот е покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи ќе бидат покриени со завеси за време на молитвата.
Надвор од „Аја Софија“ властите ги одбележаа местата за молитва, и тоа каде ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбедуван од 17.000 службени лица.
Во пресрет на денешната молитва неколку патишта до објектот се блокирани.
Државниот совет, највисокиот административен суд во Турција, на почетокот на јули донесе пресуда во корист на групата што сакаше да ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година „Аја Софија“ да се претвори во музеј бидејќи кај нив постоеле сомнежи за автентичноста на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, на тој документ.
Веднаш по објавувањето на таа одлука, Ердоган издаде указ за претворање на „Аја Софија“ во џамија, објект што од почетокот на својата историја бил византиска катедрала.
Поранешниот музеј долго време беше симбол на секуларизмот во модерната турска република.
Зградата служела како главна византиска катедрала сè до османлиската победа во 1453 година. До 1934 година „Аја Софија“ била џамија кога основачот на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, го сменил статусот во музеј.
„Аја Софија“ е една од најпопуларните турски атракции и минатата година ја посетиле околу 3,7 милиони туристи.
САД, Европската Унија, Русија, УНЕСКО и неколку црковни водачи изразија загриженост за промената на статусот на „Аја Софија“. Турција, од друга страна, инсистира на тоа дека тоа е нејзино историско и суверено право.
Ердоган рече дека „Аја Софија“ ќе остане отворена за туристите и влезот од сега ќе биде бесплатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц.
Едно е сигурно – сезоната сè уште не е ни започната, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и последната објава на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.
„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажата, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата и додаде: „Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.
Цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра!
Možda je cjenik stavljen 100m dalje od beach bara, ali je bar u ladovini (Žnjan, Split)
byu/MantisTobogan_dr incroatia
Во коментарите, корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:
„О, ужас! Сè уште му се потсмевам, а дури е поскап од Ибица“.
Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.