Контакт

Регион

Во БиХ нови 582 заболени од коронавирус, починале 63 лица

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 582 новоинфицирани, а починале дури 63 лица заразени од коронавирусот.
За споредба, вчера беа пријавени 1.031 ново заразено лице на тестирани 3.567 примероци.

Во изминатите 24 часа 2.088 примероци беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 447 беа позитивни на коронавирусот. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Кантонот 10.

До денес во Федерацијата БиХ излекувани се 81.189 пациенти. Во изминатите 24 часа закрепнале 661 пациент. Во моментот има активни 10.307 позитивни случаи на коронавирус.

Во изминатите 24 часа 43 нови смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. До денес бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 3.017.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во последните 24 часа тестирани се 391 лабораториски примерок, а коронавирусот е потврден кај 129 лица. Во последните 24 часа беа пријавени 19 смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Република Српска, во кои беше потврдено присуството на коронавирусот.

По тестирање шест примероци, шест нови случаи на инфекција со коронавирус беа регистрирани во областа Брчко во БиХ. Една жена почина. Закрепнаа шест лица.

Регион

Во Црна Гора 237 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 237 нови случаи на коронавирус, а во истиот период девет лица починаа како резултат на инфекцијата.

Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.354, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Вкупниот број на активни случаи е 4.681.

Од почетокот на март 2020 година вкупниот број регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 93.803

Прикажи повеќе...

Регион

Познат грчки новинар ликвидиран во Атина

Објавено пред

Двајца вооружени мотоциклисти денеска го застрелаа познатиот грчки новинар Џорџ Караиваз, кој истражуваше криминал, соопшти полицијата, додавајќи дека тој бил убиен во близина на својот дом во Атина.

Новинарот на приватната телевизија СТАР ТВ ѝ беше добро познат на грчката јавност по известувањето за криминалот.

Владината портпаролка Аристотелија Пелони рече дека убиството ги шокирало сите.

„Властите веќе почнаа истрага“, рече таа.

Полицијата соопшти дека Караиваз бил застрелан од двајца мотоциклисти, кои испукале повеќе куршуми во близина на неговиот дом во Алимос во јужна Атина. На местото на настанот се пронајдени дванаесет патрони.

Иако мотивите за пукањето сè уште не се познати, полицијата потврди дека убиството очигледно било внимателно испланирано.

„Ова е професионално убиство“, изјави полициски службеник.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија две дози вакцина примиле над 1,1 милион граѓани

Објавено пред

Досега во Србија се дадени 2.836.012 дози вакцини против коронавирус, а 1.158.744 граѓани ги примиле двете дози, покажуваат најновите податоци на владата на Србија.

Граѓаните на Србија се вакцинираат со руската вакцина „спутник В“, кинеската „синофарм“, вакцината развиена од американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“, како и со вакцината на британско-шведската компанија „Астра зенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 3.405 нови случаи на коронавирус, од 15.532 тестирани, а 39 лица починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа13 часа

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија15 часа

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија18 часа

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија19 часа

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет20 часа

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ20 часа

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Македонија1 ден

Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Со нив, се очекува...

Свет1 ден

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на...

Свет1 ден

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини...

Македонија2 дена

Потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 42 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти...

Македонија2 дена

Приведен висок полициски службеник, запленета дрога вредна над 800.000 евра

Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски....

Свет2 дена

СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, сè уште немаме доволно податоци

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостиг на соодветни податоци не може да даде препорака во врска...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Мафијашот Седат Пекер во Скопје бил пречекуван со полициски возила

Додека турската полиција денеска спроведува обемна акција и во Истанбул насекаде го бара меѓународниот мафијаш Седат Пекер, во Скопје тој...

Европа2 дена

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, почина на 99-годишна возраст. Бакингaмската палата објави дека војводата од Единбург почина во...

Македонија2 дена

Антикорупциска откри случаи на злоупотреби од страна на обложувалници

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) откри злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на...

Свет2 дена

Почна клиничкото испитување на нова, поевтина вакцина против Ковид-19

Клиничките испитувања на новата вакцина против Ковид-19, чие производство би било поевтино, полесно и побрзо, почнуваат да се спроведуваат во...

Македонија2 дена

Филипче: Деновиве е намален бројот на хоспиталиразни пациенти во болниците

Министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во...

Европа2 дена

Оние кои примиле прва доза на „Астразенека“ во Франција, за втората ќе добијат друга вакцина

Француското здравствено тело денес треба да објави дека оние под 55 години кои ја примиле првата доза на „Астразенека“ ќе...

Досие