Регион
Во БиХ потврдени четири нови случаи на британскиoт вид коронавирус

Шефот на лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево, Теуфик Голетиќ, изјави дека во лабораторијата биле секвенционирани 10 примероци од луѓе, од кои кај четири е идентификуван британскиот вид.
Голетиќ истакна дека три од четирите примероци биле земени од жители на БиХ, а не како што беше случајот минатиот пат од странски државјани.
Тој вели дека два примерока се од областа на Зеница, а еден од областа на Сараево.
„За жал, ова во секој случај сугерира дека она што го очекувавме е можно, а тоа е дека британскиот вид веќе кружи и дека е реално да се очекува набргу да биде еден од подоминантните соеви што ги имаме во земјата“, рече Голетиќ.
Тој посочи дека во блиска иднина може да се очекува влошување на ситуацијата кога станува збор за заразата од Ковид-19.
Досега се потврдени вкупно пет случаи, земајќи го предвид првиот случај на британскиот вид коронавирус пронајден кај странски државјанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска 667 новозаразени од коронавирус, 9 починати

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави денешните податоци за новозаразени лица во Хрватска.
Во последните 24 часа евидентирани се 667 нови случаи на САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.558. Меѓу нив, 740 пациенти се во болница, од кои 69 се на апарати за дишење. Починале 9 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се забележани вкупно 244.872 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5,564 починале, 235.750 закрепнале, од кои 422 во последните 24 часа. Во моментот 14.456 лица се во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.368.448 лица, од кои 6.965 во последните 24 часа.
Регион
Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес го потресе подрачјето на Еласона во грчката област Тесалија, јавува АНА.
Агенцијата наведува дека нов земјотрес е регистриран денес во 11.36 часот, со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.
Земјотресот е дел од оној со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди централна Грција, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси беа почувствувани синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.
Регион
Во Хрватска се појави чешкиoт вид коронавирус

Институтот „Руѓер Бошковиќ“ потврди дека, покрај бразилскиот, њујоршкиот, британскиот и јужноафриканскиот вид коронавирус, во Хрватска се појавил и чешкиот.
Кристијан Влаховишек, професор по компјутерска биологија на Факултетот за науки во Загреб, го потврди тоа за порталот ХРТ.
Тој рече дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од Дубрава, и во соработка со проф. Вранеш од НЗЈЗ „Д-р Андрија Штампар“, го изолирале чешкиот сој кај 20 проценти од примероците.
„Чешкиот сој е комбинација на мутации од шкотска и британска варијанта на коронавирусот. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација на САРС-CoV-2“, рече проф. Влаховишек.
Тој нагласува дека не се знае многу за заразноста на чешкиот вид, но дека во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие варијанти на вирусот и да се следат и веднаш да се изолираат заразените лица пред тие да се прошират меѓу населението.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер