Регион
Во БиХ уапсена српска старлета поради проституција

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 16 лица во рација во околината на Бјелина, меѓу кои е и српска старлета, а запленети се и најмалку десет пиштоли и кокаин, објавено е денеска.
Полициската управа во Бјелина потврди дека нејзините членови извршиле рација во куќа во близина на градот во североисточна Босна. Операцијата била спроведена во соработка со српската и словенечката полиција, а усапсени биле 15 мажи и една жена.
Потврдено е дека станува збор за Тијана Максимовиќ (28) од Рума во Србија, која на естрадата се претставува со името Тијана ајфон.
View this post on Instagram
Полицијата ги сомничи за кривични дела недозволено производство и трговија со наркотици, недозволено производство и трговија со оружје и проституција.
При претресот, полицијата пронашла десет пиштоли, 14 пакувања кокаин, девет таблети медицински лекови, три панцири и околу десет илјади евра во различни валути, пренесува „Индекс.хр“.
Медиумите во БиХ наведуваат дека Максимовиќ е под истрага за поттикнување на проституција, а заедно со неа биле приведени уште три девојки од Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Курти за 1 септември: Обичен ден, а можеби и не

Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека 1 септември ќе биде нормален ден. Тој вели дека не е загрижен оти 1 септември, кога му беше одложена одлуката за задолжително издавање на влезно-излезни документи, ќе биде нормален ден и не ја исклучува можноста за поинаков договор за време на претстојната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брисел.
„1 септември ќе биде нормален ден на граничните премини – или ќе издадеме документи за влез-излез или двете страни ќе ги откажат“ – рече Курти во интервју за Би-би-си на српски јазик.
Не исклучувајќи ја таа можност, Курти, кој изминативе денови дава бројни интервјуа за странски медиуми, вели дека се надева дека за тоа ќе разговара со претседателот Вучиќ како дел од „актуелната тема“.
На прашањето дали всушност ова е неговата преговарачка платформа за бриселските преговори, Курти тврди дека таков предлог веќе му дал на претседателот на Србија на средбата во рамките на иницијативата за соработка на регионалните лидери Брдо Бриони.
„Му реков – признајте ги документите на Косово, а тој ми рече дека тоа е неприфатливо бидејќи така ќе се признае независноста. Иако тоа би било добро, му реков дека не е точно – Словачка, Грција, Романија не ја признаваат независноста, но ги признаваат документите на Косово“ – вели Курти.
Приштина, вели тој, ќе ја продолжи кампањата за замена на регистарските таблички и тврди дека Белград е загрижен бидејќи мисли дека луѓето ќе го прифатат тоа.
Тој тврди дека замената на табличките е во корист на косовските Срби.
„Но, јасно ми е дека дури и кога ќе заврши процесот, тоа нема да биде крај – ни треба договор со Србија бидејќи сè е парцијално додека не постигнеме правно-обврзувачки договор за целосна нормализација на односите, врз основа на взаемно признавање“, смета Курти.
Регион
Хрватот заробен во Украина се изјасни за невин и рече дека не се борел

Хрватот кој беше заробен во Украина се изјасни за невин пред судот во Доњецк, додека властите на таа самопрогласена република го обвинуваат дека учествувал во соборувањето на владата како украински платеник, а му се заканува смртна казна.
„Тој изјави дека неговите должности на бојното поле биле ограничени на следење на непријателските позиции и дека не учествувал во вооружени конфликти против руските сили. Последен пат пукал пред почетокот на војната во Украина“, јавуваат руските медиуми кои можат да го следат судењето, пренесе словенечката новинска агенција СТА.
Судот во отцепениот украински регион го почна судскиот процес против Хрватот, Швеѓанецот Матијас Густавсон и Британците Џон Хардинг, Ендрју Хил и Дилан Хили. Тие се обвинети за обид за „насилно преземање на власта или насилно задржување на власта“ и „учество во воен конфликт или воени операции како платеници“, пишува руска Известија, пренесе „Индекс“.
Интерфакс наведува дека следното рочиште ќе се одржи во октомври. Руските медиуми објавија видеа на кои се гледа дека обвинетите се во кафез во судот. Хрватска претходно најостро го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против нивниот граѓанин.
Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално, бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на заробени цивили и воени затвореници“, објави Министерството за надворешни и европски работи на почетокот на овој месец.
Во Зрињевац рекоа дека се во континуиран контакт со украинските власти и други партнери со цел да се расветли случајот и да се ослободи Хрватот заробен во Украина, како и дека се во контакт со неговото семејство.
Регион
Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка состојба, но нивните животи не се загрозени.
Оваа информација за бугарските медиуми ја потврдил директорот на оваа здравствена установа, Валентин Димитров.
Децата сè уште се во тешка состојба, моментално се на одделението за интензивна нега и екипите на „Пирогова“ ги спроведуваат сите протоколи неопходни за одржување на нивната состојба, изјавил за новинарите извршниот директор на болницата Валентин Димитров, пренесува „БТА“.
„Нема директна опасност по животот на децата, но нивната состојба не е лесна. Имаме организација, сите тимови, детска трауматологија, неврохирургија, кардиологија, се подготвени да бидат достапни доколку има потреба. Сите структури од Пирогово се достапни, така што имаме целосна соработка со Министерството за здравство и со целата држава. Во моментов не ни треба ништо конкретно“, рекол Димитров и посочил дека единствено што е потребно во моментов е време.
Двете деца кои беа тешко повредени во Бугарија, во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во саботата вечерта, вчера се пренесени од болницата во Стара Загора во болницата во Софија.
По долга операција, едно дете вчера помирно ја поминало ноќта, а утрово лекарите ќе му направат уште две операции кои се неопходни за подобрување на неговата состојба.
Димитров не прецизирал точно кои операции ќе бидат направени, бидејќи, како што навел, прво треба медицински да ја проценат состојбата на децата од страна на детските трауматолошки екипи.
Осум деца и четворица возрасни се повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, кога автобус од Србија, кој превезувал деца и возрасни на фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, се превртел на автопатот Тракија.