Регион
Во Косово 169 новозаразени од 455 тестирани
Во последните 24 часа беа тестирани 455 примероци во Косово, од кои 169 беа позитивни на коронавирус.
Во истиот период, девет лица починале како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на оние што починале од почетокот на пандемијата, се зголеми на 457, објави Институтот за јавно здравје во Приштина.
Во последните 24 часа, во Косово се излечиле 197 пациенти. До денес, вкупниот број на излечени изнесува 8.346, а бројот на активни случаи е 3.534.
Вкупниот број заразени лица во Косово од почетокот на пандемијата е 12.337, а досега се тестирани 46.907 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Комбе полно со мигранти одбило да застане и удрило во столб: најмалку 10 повредени во Хрватска
Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во столб.
Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата.
Според медиумите, полициските службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот по полноќ ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички.
Тие со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го спречат за контрола, но возачот ги игнорирал полициските наредби и продолжил да вози зголемувајќи ја брзината.
За кратко време излетал од патот и удрил во столб. Повредените се пренесени во Општата болница во Славонски Брод и Нова Градишка.
Според написите, во сообраќајната несреќа се повредени 10 лица.
Полициски службеници продолжуваат со работа и вршат увиди, соопштија од полицијата.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.