Контакт

Регион

Во Србија од денеска затворени кафулињата, трговските центри, фризерските салони…

Објавено пред

Од денеска до понеделник наутро во Србија ќе важат заострени мерки во борбата против коронавирусот.

Тоа значи дека до крајот на неделата, вклучително и за време на викендот, нема да работи ништо, освен продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките, банките, менувачниците, шалтерите на државната управа и производствените капацитети.

Затворени се сите угостителски објекти (кафулиња, ресторани, барови), трговските центри, сите продавници, освен оние за неопходни продукти, потоа киносалите, музеите, галериите, салоните за убавина и фризерските салони, обложувачниците, казината, игротеките, спортските сали, фитнес-центрите, базените, спортските балони…

„Ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и целиот здравствен сектор. Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се во сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена. Дали ќе има продолжување в понеделник, зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор“, рече српската премиерка, Ана Брнабиќ.

Регион

Шест лица во Хрватска по грешка примиле две дози на различни вакцини

Објавено пред

Повеќе граѓани во Хрватска при ревакцинација примија различни дози на вакцина против коронавирус, изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Цапак призна дека во тие случаи се случила грешка. Правило е вакцините што се даваат во две дози да се од ист производител.

„Ваквите грешки се пријавени како несакани ефекти на ХАЛМЕД и колку што знам, имало шест такви случаи. Тие луѓе немаа никакви компликации“, рече Чапак.

Тој додаде дека можноста за комбинација на различни вакцини сега се испитува во светот и во Европската Унија, а претпоставката на имунолозите е, вели тој, дека таквиот начин на имунизација дури и ќе даде одредена предност во создавањето на имунолошки одговор.

Сепак, за тоа сè уште нема потврда, бидејќи истражувањето е во тек, рече Цапак на прес-конференцијата.

На инсистирање на новинарите да кажат зошто тие луѓе ја добиле втората доза од различен производител, Цапак кратко рече дека се случила грешка, пренесоа хрватските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Сопругата на Јанша доби заканувачко писмо

Објавено пред

Сопругата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, Уршка Бачовник, која е лекар во болницата во Целје, добила заканувачко писмо со кое се заканувало на неа и нејзиното семејство.

Писмото го добила во болницата каде што е вработена, а случајот бил пријавен во полиција, пренесува порталот 24УР.

Од болницата потврдија за порталот дека Уршка Бачовник добила писмо со кое ѝ се заканувало на неа и нејзините деца, но било наведено дека тие не можат да коментираат понатаму за случајот.
Полицијата во Целје исто така потврди дека биле свесни за анонимните закани и дека е покрената истрага за случајот.

Ова не е прв случај во Словенија политичките фигури да добиваат закани, пишува порталот и потсетува дека на ѕидот од куќата на лидерот на Словенечката национална партија Змаго Јелинчиќ, непознати лица напишале графити, а дека седиштето на партијата било погодено со моторно масло.

Исто така, на вратата од куќата на министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, некој напишал „лажго“, а на куќата на општинската советничка Весна Фабјан од Чрномел, некој фрлил молотов коктел.

На почетокот на февруари непознати сторители нацртаа свастики и напишаа „корупција“ на зградата на Институтот „Искрени“ во Љубљана, а некој во јануари напиша „стаорец“ на вратата на поранешниот словенечки министер за надворешни работи.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Имаме многу вакцини, но и многу антиваксери

Објавено пред

По состанокот со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на шефот на германската дипломатија им беа поставени неколку новинарски прашања.

Меѓу нив беше и прашањето на агенцијата ДПА, дали Србија ќе ги искористи сите добиени вакцини.

„Се чини дека имате вишок од нив“, рече новинарот на германската агенција.

Во тој контекст, тој го постави и прашањето дали Србија ќе им подели вакцини и на други, кои немаат доволно.

„Србија започна со вакцинација кон крајот на декември и тоа со вакцината на ‘Фајзер’, па дури подоцна добивме вакцини од кинеските и руските партнери. Сè добиваме точно според договорите со ‘Фајзер’ и ‘Синофарм’, кај другите има мало задоцнување, но сега нема да коментирам за тоа“, рече Вучиќ.

„Имаме доволно вакцини, но имаме уште еден проблем што се занемарува – постојат разни групи против вакцинација. Луѓе кои не сакаат да примаат вакцина, поради разни теории на заговор. Но, веројатно и ние сме виновни затоа што имаме доволно вакцини, па луѓето не брзаат“, нагласи тој.

„Вие во ЕУ имате редови, овде нема. Денеска на располагање се четири типа на вакцини и ако сакате може веднаш да одите и да се вакцинирате“, му одговори Вучиќ на новинарот на ДПА, нагласувајќи дека можноста за вакцинирање на странци во Србија е еден од начините на кои земјата им помага на сите народи во регионот.

Тој исто така рече дека од почетокот на кризата, Србија испратила околу 120.000 вакцини во земјите од регионот, додека во Србија се вакцинирале околу 65.000 граѓани од тие земји и најави дека процесот на вакцинација ќе продолжи, бидејќи ниту една земја не може сама да го реши тој проблем.

„Веруваме дека овие вакцини се исто толку важни за нашите соседи, како што се важни за нас. Затоа што ако кај нив има тешка ситуација, она што го правиме ние ќе биде бесмислено“, заклучи српскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на...

Македонија3 часа

33 починати пациенти и 489 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи...

Македонија5 часа

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија5 часа

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија5 часа

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион7 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија7 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија8 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа9 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет9 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет9 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион9 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет9 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија10 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија11 час

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија24 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ1 ден

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија1 ден

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион1 ден

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија1 ден

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Досие